Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Државна матура ќе се полага, протестите продолжуваат

Емилија Јовановска Коментари (0)   
21.09.2007 00:00

И по вториот ден од протестите на средношколците, Министерството за образование не попушта, ќе се полага државна матура, и тоа пет предмети, онака како што тврдеа учениците, а не два, како што кажа вчера заменик министерот за образование Јован Лазаров.

Тој денеска ја поправа грешката, не бил добро разбран.

„Можеби не бев прецизен вчера. Значи, полагаат два предмети екстерно, два интерно и уште проектна задача“, изјави Јован Лазаров, заменик министер за образование.

Ќе се полага мајчин јазик и математика или странски јазик, по избор на учениците, два општи предмети и по една проектна задача. Од образование велат дека државната матура ќе биде услов за упис на факултет, затоа што следната година нема да има приемни испити на државните универзитети.

Претставници на Министерството за образование се сретнаа денеска со средношколците во Влада. Но, ниту Министерството отстапува од матурата, ниту учениците од протестите.

„Наставниците сметаат дека секој своите ученици доволно ги подготвува. Ние учениците сметаме сосема спротивно, така што не знаеме како ќе се одвива. Никој не се чувствува доволно подготвен, ниту училиштата, ниту учениците“, вели средношколка.

Учениците се револтирани затоа што учат по стара програма, а ќе полагале по нова. Од Министерството смируваат, во матурските тестови нема да има содржини што учениците не ги учеле.

„Не е проблем матурата, проблем е тоа што работиме по застарена програма којашто нема да се полага во матурата. Учебниците по кои ние учиме сега се уште од 1970-1980 година, од време на Југославија“, рече средношколец.

„Испитните задачи во државната матура ќе бидат така конципирани што ќе бидат пресек од она што секој ученик во средното образование го поминал низ својот наставно-образовен процес“, изјави Перо Стојановски, државен секретар за образование.

Продолжија протестите на учениците и во Струмица, а скопските средношколци го блокираа целиот град. Од Министерството за образование, отидоа пред Влада, од таму пред Собрание и повторно се вратија пред Владата.

Сите институции денеска ги обезбедуваа специјалните единици на МВР.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Средношколците протестираа против матурскиот испит [20.09.2007]
• Зголемен бројот на ромски ученици [18.09.2007]
• 250 тетовски средношколци надвор од образовниот процес [13.09.2007]
• ЛДП го критикува почетокот на учебната година [09.09.2007]
• ЗЕЛС бара решавање на проблемите во образованието [04.09.2007]

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk