Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Средношколците протестираа против матурскиот испит

Емилија Јовановска Коментари (0)   
20.09.2007 00:00

Со фрлање јајца и домати кон Министерството за образование, средношколците бараа да се одложи и годинава полагањето на матурскиот испит. Пред Министерството се собраа околу 2.000 средношколци од сите скопски училишта.

Масовни беа и протестите против полагањето на матурата во Струмица и Штип. Средношколците велат дека не треба да полагаат матура, затоа што учеле според старата програма.

„Протестираме затоа што не сакаме да не третираат како глувци во лабораторија кои се спремаат за експерименти. Доаѓаат во трета година и ни кажуваат дека ќе полагаме државна матура во четврта. Тоа треба уште од прва година да ни го кажат, за да бидеме поспремни“, изјави средношколка.

„Никој не ни кажа ништо, ни кажуваат сега, на крајот, четврта година. Како ние да се спремиме за шест месеци да полагаме матура? Ние сме единствена генерација која е по старата програма. Матурата е премногу обемна, не сме компјутери за да можеме тоа да го запаметиме“, велат средношколците.

Од Министерството за образование не попуштаат. Велат, по минатогодишното одлагање, се знаело дека оваа година ќе се полага матура.

Во ноември ќе има пробни матурски испити, со кои учениците ќе се увереле дека крајниот испит нема да биде многу тежок. Ќе полагаат само два предмети - македонски јазик и уште еден изборен, а не пет, како што велат средношколците.

„Во 2007-2008 година во законот за високо образование е предвидено дека услов за упис на универзитетите е положен матурски испит. Од тие причини Министерството за образование и наука нема да го одложи полагањето на матурскиот испит“, рече Јован Лазаров, заменик министер за образование.

Поради нарушување на јавниот ред, двајца средношколци се приведени од полицијата на информативен разговор. Од МВР велат дека и двајцата биле полнолетни, а учеле во хемиското училиште „Марија Сколдовска Кири“ во Скопје.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Зголемен бројот на ромски ученици [18.09.2007]
• 250 тетовски средношколци надвор од образовниот процес [13.09.2007]
• ЛДП го критикува почетокот на учебната година [09.09.2007]
• ЗЕЛС бара решавање на проблемите во образованието [04.09.2007]
• Доцни наставата во Горно Оризари [03.09.2007]

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk