Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Канада ја призна Македонија под уставното име

Горан Момировски Коментари (0)   
20.09.2007 00:00
 
 

Канада е 118-та земја што ја призна Македонија под уставното име. По дипломатската операција, во која биле вклучени претставници на МНР, претставници на македонската дијаспора и членови на канадската Влада, вчера официјална Отава ја објави одлуката за признавање на уставното име во билатерална комуникација.

Пратеникот во канадскиот Парламент Луј Темелковски вели дека бил потребен многу напор да се убеди Владата во Отава во исправноста на одлуката.

„Не беше лесно, бидејќи имаше доста голем притисок од секаде, за да не ја признае Македонија под уставното име, но јас кога го претставив тоа во Парламентот, тие сите реагираа. Некои реагираа позитивно, некои негативно, но сабајле разбравме дека Владата на Канада го прифати тоа“, рече Луј Темелковски.

Признавањето на Канада се случува во време кога спорот за името влегува во финална фаза. Се очекува Метју Нимиц пред Нова година да даде уште еден, најверојатно последен предлог за името.

Претседателот и Премиерот зазедоа заеднички став за евентуалниот развој на настаните. За што се зборуваа, не кажуваат.

„Би рекол дека тука имаме заеднички позиции со господинот Црвенковски, така што сега само ги реафирмиравме, а за некои нови работи што се можни да дојдат изградивме заеднички позиции“, изјави Никола Груевски, премиер.

„Со овој потег на Канада дополнително се зајакнува меѓународната положба на Република Македонија по едно од најважните прашања за нас, а тоа е зачувување на уставното име на нашата земја“, рече Бранко Црвенковски, претседател на РМ.

Денеска реакциите од Грција по потегот од Канада релативно умерени. Старо-новата грчка Влада, незадоволна од одлуката на Отава, најави демарш до канадската Влада.

Портпаролот на Бакојани изјави дека Грција не е среќна со една ваква одлука. Поддршка за грчкиот став за името Бакојани наредните денови ќе бара од генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, преговарачот Метју Нимиц и помошникот државен секретар на САД Николас Барнс.

Во меѓувреме, јавното мислење во Грција релативно поумерено. Угледни грчки интелектуалци бараат барем мала отстапка од Македонија за да се стави крај на сагата за името.

„Секаква мала, навистина мала промена на името. На сите им е јасно дека терминот Македонија ќе биде централен елемент од името. Но, потребна е некаква навистина мала промена“, изјави Танос Докос, Хеленска фондација за европска и надворешна политика.

„Можеби Македонија напишана според транскрипцијата на јазикот во земјата или Македонска република. Има повеќе предлози со кои нема да му се наштети на уставното име на земјата, а од друга страна, ќе ја задоволат грчката јавност“, додаде Докос.

Спорот за името меѓу Македонија и Грција трае веќе 16 години. Досега на маса беа повеќе предлози, но истите беа отфрлени. Пред приемот на Македонија во НАТО се засилува меѓународниот притисок за решавање на спорот.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Грција ќе не поддржи ако го смениме името [19.09.2007]
• Тошевски: Да не се менува преговарачката тактика [17.09.2007]
• Каков ќе биде ставот на новата грчка Влада за името? [17.09.2007]
• Бакојани: Скопје се прави недоветно [13.09.2007]
• Црвенковски: Вето од Грција - крај за преговорите [12.09.2007]

  Дополнителни информации 
• Како се појавија „разликите околу името“ [21.01.2008]
• „Вашингтон Тајмс“: Македонија инспирира конфликти со години [26.10.2005]
• Дел од фактите за македонско-грчките односи [04.11.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk