Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Нема да има работна група за Ваксинце

Ирина Гелевска Коментари (0)   
19.09.2007 00:00
Влатко Ѓорчев
 

Нема да има собраниска работна група која треба да го расветли инцидентот во Ваксинце, во кој животот го загуби командирот на полициската станица Фатмир Алили, двајца полицајци беа ранети, а загина и еден од напаѓачите Скендер Алили и беше ранет неговиот брат Заим Алили, кој потоа илегално преку граница беше пренесен на Косово.

„Констатирам дека предлог заклучокот на господинот Јован Манасијевски не е прифатен. Со мнозинство гласови е прифатен извештајот од Министерот за внатрешни работи“, изјави Влатко Ѓорчев, претседател на Комисија за одбрана.

Многу прашања останаа неодговорени. Пратениците бараа од министерката да каже дали се работело за полициска акција или патрола и зошто според нивните сознанија, загинатиот полициски командир и напаѓач биле застрелани од ист вид на оружје.

Есад Рахиќ
 

„Кој пукал? Токму затоа и ве прашав дали е патрола, дали е акција. Ако е патрола, што барал командирот Фатмир Алили во 10 часот да го викаат од свадба, да биде таму? Ако е акција, прво, зошто е така направена, да биде успешна или неуспешна, тоа времето ќе покаже“, рече Есад Рахиќ, пратеник.

„Уште неколку часа по настанот јас одговорив дека се работи за полициска патрола“, вели Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи.

Можеби случајот ќе биде повеќе расветлен по враќањето на ранетиот напаѓач Заим Алили во Македонија. Тој се уште е во болница во Приштина и е во состојба да биде транспортиран, а дали ќе биде екстрадиран ќе решава Одделот за правосудство на УНМИК на крајот од седмицава.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Македонија побара екстрадиција за Заим Халили [12.09.2007]
• Погребан командирот на станицата во Матејче [11.09.2007]
• Собранието не донесе заклучоци за Ваксинце [11.09.2007]
• Собраниска расправа за настанот во Ваксинце [10.09.2007]
• Убиен командирот на полициската станица во Матејче [10.09.2007]

  Најнови вести од Македонија 
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]
• 19 години самостојна Македонија [08.09.2010]
• Власта не сака професионално и објективно новинарство [08.09.2010]
• Поддршка од Меѓународната и европската федерација на новинари [08.09.2010]
• Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт [08.09.2010]
• „Достоинство“ бара одликувања за бранителите [08.09.2010]
• Меѓународниот фестивал „Ристо Шишков“ по 18-ти пат [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Убиство во Студеничани
  3. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  4. Не можевме ниту со Ерменија
  5. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  6. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  7. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Србија во мундијалското полуфинале
  10. Несреќа на работно место: Го скршил пенисот додека снимал порно филм
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  3. Не можевме ниту со Ерменија
  4. Убиство во Студеничани
  5. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  6. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. Уапсен убиецот на кичевчанката Крстеска
  9. 19 години самостојна Македонија
  10. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk