Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Уапсен е Џемаил Исени

Снежана Лупевска Коментари (0)   
02.09.2007 00:00
 
 

Со педесетина специјалци, без пукање и инциденти, Џемаил Исени алијас Џејми Шеј на разденување е уапсен од дома во пограничното село Лојане. МВР тврди, имал рачен фрлач и шест гранати, но не стигнал да ги употреби.

Придружуван, околу 5 часот и 30 минути утрово влезе во полициската станица Автокоманда. Го испрашуваа десет часа, се врати во Идризово. Сега се соочува со поголема казна. Му останаа да одлежи уште пет години од пресудата за тероризам, но ќе му судат и за бегство и за оружјето дома.

„Конечно т.н. Џејми Шеј е повторно таму кадешто му е местото“, изјави Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи.

Селаните на Лојане не слушнале пукање, не го виделе приведувањето, но во неговата куќа се жалат на полициската акција.

„Тоа време спиевме со децата. Децата се исплашија. Тој немаше никакво оружје, ништо. Гордана Јанкуловска нека признае, можеби тие му го наместија тоа“, вели сопругата на Џемаил Исени.

МВР тврди дека воопшто не употребиле сила, а ова го исценирале роднините на Исени. Оние кои го штитеа кога побегна од затворот на денот на погребот на мајка му сега се закануваат.

Заим Алили, познат како командант Туши, и самиот обвинет за убиство, бегалец од Идризово, вели дека ќе го одмазди вујко му.

„Јас им порачувам на Никола Груевски и на Јанкуловска, ако не го ослободат Џемаил Исени за 48 часа, тогаш јас нив ќе ги фатам. На Мендух Тачи, Рефет Елмази и неговите кодоши им порачувам дека ќе бидат убиени“, рече Заим Алили, внук на Џемаил Исени.

„Ќе ги мобилизирам моите борци на ОНА да ги убијат Тачи и Елмази од патриотски побуди и нема да бидат осудени според албанските канони“, додаде Алили.

Јанкуловска возврати.

„Ние како високи владини функционери постојано се соочуваме со вакви коментари, но тоа нас нема да не поколеба. Постојат мерки кои треба да се преземат во такви ситуации и тие ќе бидат преземени“, изјави Јанкуловска.

Џемаил Исени пред една недела дојде на погреб на мајка му во родното село и не се врати в затвор. За А1 тврдеше дека е во Прешево. Бараше преговори со министерката за внатрешни и министерот за правда.

„Ако ме уапси полицијата, тогаш ќе излезе лош проблем. Јас не сум крив. Имам многу јаки пријатели“, рече на 24 август 2007-ма Џемаил Исени.

Исени тогаш се пофали дека има луѓе од Косово, јужна Србија и Македонија кои ќе го извадат од затвор. Не кажа кои се тие.

Со дисциплинска казна и истрага се соочуваат двајцата затворски чувари кои дозволија тој да не се врати во Идризово, а директорот на затворот, Александар Донев, е сменет од функцијата поради одлуката Исени да оди на погреб.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Џемаил Исени се крие во Прешево [24.08.2007]
• Полицијата не знае каде е Исени [23.08.2007]
• Џемаил Исени избега од Идризово [22.08.2007]
• Џејми Шеј, Чакала и Бељули добија по 7 години затвор [27.06.2005]
• Обвинителството бара максимални казни за кумановските бомбаши [23.06.2005]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  9. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  10. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk