Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Двајца пациенти од Психијатриската болница во бегство

Менче Атанасова Точи Коментари (0)   
05.08.2007 00:00

Двајца пациенти од Психијатриската болница опасни за околината се се уште во бегство, откако вчера беше откриено дека во болницата недостасуваат 14 душевно болни. 12 се веќе пронајдени, некои дома, други во кругот на болницата.

Се почнало за време на доручекот и делењето на терапијата, кога директорот Идриз Орана во рутинска контрола открил дека од 31, се присутни само 17 болни. Веднаш ја алармирал полицијата.

„Само двајца пациенти не се на одделението, од кои едниот на 31-ви е пријавен како избеган, а другиот во текот на претходниот ден, така што во моментот четири се на пробно, а двајца се избегани и во тек е постапката“, изјави прим. д-р Мери Ј. Кујунџиска, Психијатриска болница Скопје.

Според полициски извори, меѓу 14 избегани има такви што извршиле убиства врз свои блиски во тешко психичко растројство. Еден ја фрлил баба му од шести спрат. Друг ја усмртил мајка му со 40 и ја ранил баба му со 13 убоди од нож.

Судското одделение не е обезбедено од затворската управа. Има само еден медицински техничар, и покрај тоа што во него престојуваат лица кои во состојба на душевно растројство направиле кривично дело.

Судското одделение е преполно. На 28 кревети има 31 пациент. Не е тешко да се избега, бидејќи пациентите слободно се шетаат во кругот на болницата.

„Можат да излезат како и сите други, затоа што сепак ова не е затворска установа туку е болница“, рече Кујунџиска.

Орана уште пред еден месец побарал од министерствата за правда и здравство да му пратат обезбедување за да се реши проблемот со честите бегства од Психијатриската болница.

Од затворот Идризово му ветиле дека ќе му пратат еден чувар како засилување, но дури откако ќе добијат дозвола да примат нови.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk