Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Јотевски: Грчки историчари веќе ја признаа македонската нација

Горан Момировски Коментари (0)   
23.07.2007 00:00

Откритието дека со пописот од 1920 година грчката Влада го признала македонскиот јазик, треба да помогне сите негатори на македонската нација да ја увидат историската реалност, смета историчарот Васил Јотевски кој е по потекло од Егејска Македонија.

Според него, дел од грчките историчари веќе ја признале македонската нација, а јавниот повик на поранешната грчка амбасадорка во Скопје Гросоманиду Грција да ја прифати македонската реалност, јасно говори за силината на македонските аргументи.

Тој не очекува Грција и Бугарија наскоро да престанат со негаторската политика, поради дневната агенда на политичките партии, но таквата ситуација, според него, има и позитивни страни.

„Со ова негација доаѓаме до зацврстување на македонскиот национален идентитет, а до ослабнување на позициите, условно да речам, националистичките позиции на политичките партии кои ги користат овие работи за владеење над сопствените народи“, изјави Васил Јотевски, историчар.

Јотевски се противи на постојаната дефанзивна политика на македонските власти, кои постојано објаснуваат дека постои македонска нација.

„Ако си го постави некој Македонец како такво прашање, мислам дека не е доволно упатен и не верувам дека има таков Македонец кој си го поставува така прашањето, како што сака некој да ни го наметне“, додаде Јотевски.

И покрај обидот на грчките власти да ги уништат сите документи од пописот организиран на барање на меѓународниот фактор во 1920 година, дел од документите се пронајдени и објавени од партијата „Виножито“ во второто проширено издание на букварот наменет за македонските деца во Егејска Македонија.

Потврда, дека грчката Влада по Првата светска војна го признала постоењето на македонските нација, може да се најде и во кириличното издание на букварот, но и во фактот што по Втората светска војна некои грчки политички партии на териториите населени со Македонци, објавувала текстови во весниците на грчкиот алфабет, латиница како и на македонски јазик запишан со грчко писмо.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Бакојани: Фокусирајте се на иднината [23.07.2007]
• Грција го признала македонскиот јазик пред 85 години [22.07.2007]
• Грција ја сака Македонија во ЕУ и НАТО [18.07.2007]
• „Катимерини“: Владата води лицемерна политика за името [17.07.2007]
• Европскиот извештај за Македонија ги разгори страстите во Грција [13.07.2007]

  Дополнителни информации 
• Како се појавија „разликите околу името“ [21.01.2008]
• „Вашингтон Тајмс“: Македонија инспирира конфликти со години [26.10.2005]
• Дел од фактите за македонско-грчките односи [04.11.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk