Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Душевната болница ги нарушила правата на Стојковиќ

Катерина Гетева Коментари (0)   
20.06.2007 00:00
Владимир Стојковиќ
 

Душевната болница Скопје сериозно ги нарушила човековите права на 26-годишниот Владимир Стојковиќ при неговото задржување на лекување, потврди и Народниот правобранител.

По објавувањето на веста вчера, Правобранителот направил увид во психијатриската болница и утврдиле дека при недоброволното задржување на Стојковиќ не бил известен судот.

„Не навлегувајќи во медицинскиот третман, за жал, од увидот во документацијата констатиравме дека установата не постапила согласно законот за вонпроцесна постапка за задржување во здравствена организација за лекување на душевни болести“, изјави Уранија Пироска, портпарол на Народниот правобранител.

Во случаи како овој, каде лицето приведено од полицијата по поплака на граѓанин со прва помош поради невозможна комуникација бил однесен во душевната болница, според законот за третман на лица во психијатриски болници, лекарот кој го хоспитализирал бил должен најмногу до 48 часа да побара дозвола од судот за негово понатамошно лекување.

„Доколку лицето е сместено во психијатриска установа, законската обврска е во рок од 48 часа да биде изведен пред судија, односно судот да биде известен за основата за лишување од слобода и судот е тој кој што во вонпроцесна постапка одлучува дали лицето ќе биде задржано во психијатриска установа или не“, рече м-р Петар Јорданоски, НВО „Коалиција за неправично судење“.

Здружението на психијатри застана во одбрана на душевната болница. Според нив, лекарите во болницата ги запазиле сите аспекти на давање помош на пациентот, но сепак постоел пропуст.

„Во тек е соработка со судовите за изнаоѓање механизми за разрешување на овој долгогодишен проблем на присилна хоспитализација“, велат од Здружението на психијатри.

И МВР реагираше, Хелсиншкиот комитет од око утврдил дека на Стојковиќ му биле загрозени човековите права, бидејќи полицијата била должна да спроведе постапка на секоја пријава.

Потресната приказна за три и пол месечното лекување на Владимир Стојковиќ во душевната болница во Бардовци, без судска одлука, беше објавена во месечниот извештај на Хелсиншкиот Комитет.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk