Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Скопјанец на сила држен во „Бардовци“

Катерина Гетева Коментари (0)   
19.06.2007 00:00
Владимир Стојковиќ
 

Приведен од полицијата и фрлен да лежи три и пол месеци во душевната болница „Бардовци“, без судска одлука и без да знае зошто. Оваа потресна приказна ја објавува Хелсиншкиот комитет, кој тврди дека МВР и болницата „Бардовци“ сериозно ги нарушиле човековите права на 26-годишниот скопјанец Владимир Стојковиќ.

На почетокот на годината, полицијата ги привела Стојковиќ од пред трговскиот центар „Бисер“ во населбата Аеродром и без да му каже зошто, го однела во „Бардовци“ каде го држеле се до март годинава.

„Без причина дојдоа полицајци, ме уапсија без да ми кажат за што се работи, ме однесоа во болницата „Бардовци“ и таму ме задржаа без моја волја“, изјави Владимир Стојковиќ.

Хелсиншки обвинува дека правата на Стојковиќ се нарушени, полицајците го уапсиле и без распрашување во присуство на адвокат го однеле во болницата во Бардовци.

Хелсиншки тврди дека незаконски постапиле и во болницата, повеќе од 48 часа го држеле Стојковиќ без никаква придружба и судска одлука.

„Дали ваквата пракса значи дека против секого што има усмена пријава дека наводно сторил кривично дело, полицијата може да го приведе и упати во психијатриска болница, без притоа да се запази процедурата“, велат од Хелсиншки.

Од болницата „Бардовци“, пак, тврдат дека нема ништо спорно во овој случај, ја покажаа јавно историја на болеста на Стојковиќ.

Според заменик директорот Д-р Ѓорги Хаџиангелковски, Владимир бил приведен од полицајците по пријава на граѓани кои тврделе дека бил насилен.

Полицајците викнале прва помош бидејќи не можеле да комуницираат со него, по барање на лекарите од прва помош со болничко возило и во придружба на полиција го однеле во „Бардовци“.

„Покажувал јасни знаци и за обичните граѓанин дека психолошки не е во ред, го привеле во полициска станица Аеродром и потоа со итна медицинска помош е донесен во нашата болница“, рече Ѓорѓи Хаџи Ангелковски, психијатар во душевна болница во Бардовци.

Според историјата на болеста, Владимир по еден месец лекување бил пуштен дома, но по пријава на домашните дека не ја прима терапијата, со возило на Душевната болница повторно бил вратен назад, поради, како што велат од болницата, неговото несоодветно однесување.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk