Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Донесен новиот закон за прекршоци против јавниот ред и мир

Миомир Серафиновиќ Коментари (0)   
19.05.2007 00:00

Затскриен како приоритет од европската агенда, без минимум јавна расправа, законот за прекршоци против јавниот ред и мир беше итно донесен во Собранието.

Според експертите, законот навлегува во човековите права, казните за прекршоци се превисоки, се движат и до 1.000 евра.

Но најлошо, според нив, е што глобата до 500 евра, најчеста категорија во законот, ќе ја одредува Комисија во МВР.

„Сметаме дека во законот премногу се засилува улогата на полицијата и дека со тоа граѓаните можат да се најдат во една доста подредена положба, да биде буквално, кадија те суди, кадија те тужи“, изјави Петар Јордановски, „Коалиција за правично судење“.

Освен европската агенда, оправдување за законот МВР наоѓа и во побрзо казнување на направените прекршоци како и растоварање на судовите од огромниот број прекршочни постапки кои најчесто завршуваат со застарување на делото без виновникот воопшто да плати казна.

Најспорна е сепак глобата за навреда и омаловажување полицаец, од 600 до 900 евра. За среќа во овие случаи ќе решава судот, но се поставува прашање, што доколку полицаец ги омаловажува граѓаните, има ли спас?

„Граѓанинот може да се пожали до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди и до народниот правобранител, во однос на покренување дисциплинска постапка, но нашата практика покажува дека во случај на навреда и омаловажување, особено ако нема сведоци таа постапка најчесто завршува без успех, односно се кажува дека нема доволно докази, или дека е неоснована постапката. До сега не сме имале било каква казна за полицаец, во случај на навреда или омаловажување, освен опомена“, додаде Јордановски.

Најниска глоба во законот е онаа за питање, изнесува од 15 до 50 евра од питач. Од 100 до 400 евра е казна за пиење алкохол на јавно место, кршење шишиња и чаши, давање порнографски материјали на малолетници, малтретирање на соседите со викање или со гласна музика.

Повисоки казни се предвидени за физички напад на јавно место, осквернување споменик и подбивање со државните или симболите на заедниците, од 600 до 800 евра.

Ќе треба да внимаваат и комарџиите со кибрит од Камениот мост, предвидена глоба за такво дело е од 200 до 500 евра, исто како и за дрогирање на јавно место.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk