Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Притвор за возачот кој ја предизвика несреќата кај Ќафасан

Маја Јовановска Коментари (0)   
03.05.2007 00:00

30-дневен притвор за Британецот Ник Морли. Не ја извозе рутата 3000. Ќе остане во Македонија. Ќе одговара за смртта на Владимир Чепуњоски, кој синоќа загина во сообраќајна несреќа кај Ќафасан.

Директно се судрија голфот на Чепуњоски и поршето на Морли. Владимир почина на пат кон Клиничкиот центар во Скопје, а неговата сопруга Маргит Чепуњоска се бори за живот.

„Жената е во критична состојба, со скршеници на ребра, со излив во белите дробови, сместена е во одделението за интензивна нега“, изјави Борче Георгиевски, директор на Клинички центар Скопје.

Сообраќајката се случи вчера околу 18 часот на патот кон граничниот премин Ќафасан. 30-годишниот бизнисмен и професионален рели возач Морли бил дел од трката „Гембол 3000“, во која светскиот џет сет во своите милионски лимузини го шетаат светот.

Морли веднаш по несреќата избегал, оставајќи го зад себе своето порше. Уапсен е на граничниот премин, во обид да влезе во Албанија со друго возило, исто така дел од релито „Гембол“.

„Лицето на граничниот премин Ќафасан било приведено во патничко возило „БМВ“ со руски национални ознаки“, рече Иво Котевски, портпарол на МВР.

Заедно со Ник Морли беше уапсен и Метју МекКонвил, но тој е ослободен. Двајцата беа приведени во струшката полиција, а потоа беа на распит кај истражен судија. Морли ќе го бранат тројца адвокати - Драган и Александар Гоџо и Љупчо Наумовски.

Против Ник Морли поднесена е кривична пријава за загрозување на безбедноста во сообраќајот и неукажување помош. Драган Гоџо за А1 изјави дека не е вистина дека Морли избегал, туку се упатил во полициска станица, каде самиот ја пријавил несреќата.

Оваа година рутата „Гембол 3000“ минува низ 35 земји. Македонија беше дел од трите илјади километри како транзитна земја.

Но, немаше да слушнеме дека светските ѕвезди, глумците Орландо Блум, Хајден Кристенсен, поп пејачот Џемироквај, данскиот фудбалер Јирген Јенсен, вчера минале по патиштата низ државава, ако не се случеше кобната сообраќајка.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Гамболерите со број 12 залутаа во Прилеп [03.05.2007]
• Еден загинат и еден повреден во сообраќајка на Ќафасан [02.05.2007]

  Најнови вести од Македонија 
• Виничанец под дејство на алкохол си ја убил сопругата [09.02.2010]
• Хамарберг: Македонците во Бугарија загрозени [09.02.2010]
• Кучан: Недемократски молк на ЕУ кон Македонија [09.02.2010]
• Нимиц во Скопје на 23 февруари [09.02.2010]
• Фуере: Преговори со ЕУ оти се можни тензии [09.02.2010]
• Трајановски и Тодоровиќ ќе го бранат „Скопје 2014“ [09.02.2010]
• Иванов на брифинг во Генералштаб [09.02.2010]
• СДСМ: Хотелската афера е владин криминал [08.02.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Фуере: Преговори со ЕУ оти се можни тензии
  2. Во Амазон откриена древна цивилизација
  3. Пронајдената облека е идентична на онаа од Ангела
  4. Бурж затворен на неопределено време
  5. Трајановски и Тодоровиќ ќе го бранат „Скопје 2014“
  6. Христо-Спанаќ притворен во душевна болница
  7. СДСМ: Хотелската афера е владин криминал
  8. Франција ќе и продаде воен брод на Русија
  9. Нимиц во Скопје на 23 февруари
  10. Кучан: Недемократски молк на ЕУ кон Македонија
  1. Христо-Спанаќ притворен во душевна болница
  2. Пронајдената облека е идентична на онаа од Ангела
  3. Распеан сумо-борач ја потресе Јапонија
  4. НСДП: Да се потрошат 200 милиони евра за „Скопје 2014“ е лудост
  5. СДСМ: Хотелската афера е владин криминал
  6. На дел од старите скопјани им се допаѓа „Скопје 2014“
  7. Јавниот превоз и улиците во мизерна состојба
  8. Јанкуловска не коментира дали Вранишковски е срски шпион
  9. Муча: Зад нас не стои ниедна политичка партија
  10. Автомобилска револуција во Израел
   Други сервиси  
» Вести и програма на и-мејл
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk