Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Сите финансиски институции користат компјутери и интернет

Коментари (0)   
10.04.2007 00:00

Првиот месец од годинава 98,4% од деловните субјекти во финансискиот сектор користеле компјутер, а 85,9% имале пристап на интернет, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Компјутер и интернет, според ДЗС користеле сите деловни субјекти од финансискиот сектор со десет или повеќе вработени.

Информатичко-технолошки систем за управување со пласманот или приемот на нарачки во текот на јануари 2006 година имале 20,3% од финансиските деловни субјекти, додека ваков систем имале 34,5% од финансиските деловни субјекти со десет или повеќе вработени.

Вработувањето на телеработници, односно вработувањето на лица кои работат надвор од просториите на деловниот субјект и оттаму имаат пристап до компјутерскиот систем на деловниот субјект, во јануари 2006 година, било застапено кај 18,8% од финансиските деловни субјекти. Телеработници вработувале 31,0% од финансиските деловни субјекти со десет или повеќе вработени.

Во јануари 2006 година, 68,8% од деловните субјекти од финансискиот сектор, за локално мрежно компјутерско поврзување користеле ЛАН, базиран на жично, кабелско поврзување, а 23,4% користеле безжичен ЛАН. Од деловните субјекти од финансискиот сектор со десет или повеќе вработени, 96,6% користеле ЛАН - жичен, а 37,9% безжичен ЛАН.

Внатрешна компјутерска инфраструктура, интранет, имале 53,1% од финансиските деловни субјекти, односно 75,9 %од финансиските деловни субјекти со десет или повеќе вработени.

Дозволен надворешен пристап до својата компјутерска мрежа, екстранет, имале 20,3% од финансиските деловни субјекти, односно 34,5% од финансиските деловни субјекти со десет или повеќе вработени.

Во јануари 2006 година, најзастапено поврзување со интернет во финансискиот сектор било поврзувањето преку ДСЛ технологиите (АДСЛ и др.) со кои се овозможува подобра и побрза размена на податоци. Ваков тип на поврзување на интернет имале 45,5% од вкупниот број финансиски деловни субјекти.

Кај финансиските деловни субјекти со десет или повеќе вработени преовладувало друго фиксно поврзување на интернет, како на пример, преку кабел или изнајмена линија. Ваков тип на поврзување на интернет имале 65,5% од финансиските деловни субјекти со десет или повеќе вработени.

Во јануари 2006 година, своја веб-страница имале 61,8% од деловните субјекти во финансискиот сектор со пристап на интернет. Своја веб-страница имале 82,8% од финансиските деловни субјекти со десет или повеќе вработени.

На веб-страницата своите услуги ги рекламирале 52,7% од деловните субјекти во финансискиот сектор, односно 72,4% од финансиските деловни субјекти со десет или повеќе вработени.

Во текот на 2005 година, 65,5% од деловните субјекти од финансискиот сектор со 10 или повеќе вработени, користеле услуги на е-влада, односно ги користеле веб-страниците на јавната власт, а најмногу 65,5% за добивање на формулари.

Во текот на 2005 година, 18,2% од деловните субјекти во финансискиот сектор, односно 34,5% од финансиските деловни субјекти со 10 или повеќе вработени, обезбедувале услуги преку интернет, како што платежни услуги, услуги во врска со штедни депозити, услуги во врска со заеми, кредити и други инвестициони услуги.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Македонија 81-ва во употреба на информатичка технологија [29.03.2007]
• Државата обвинета за лошиот и скап интернет [01.12.2006]
• Македонија малку ја користи интернет мрежата [14.10.2006]
• Расте бројот на интернет корисници? [28.05.2006]
• 70% од Македонците никогаш не користеле интернет [08.01.2006]

  Најнови вести од Економија 
• Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите [31.07.2010]
• Македонија и Бугарија заедно ќе лобираат за изградба на железничката пруга [30.07.2010]
• Парното поскапува за 14, 98% [29.07.2010]
• Дефект во РЕК Битола [29.07.2010]
• Владата и ЕВН се смирија за да се договорат [28.07.2010]
• Личните податоци на македонски граѓани се селат во странство [28.07.2010]
• Парното поскапува за едни 10, а за други 40 % [28.07.2010]
• Банките стануваат бази за податоци на своите клиенти [27.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk