Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Цека: Ископувањата на Кале не треба да се инструмент на политиката

Александра Бубевска Коментари (0)   
22.03.2007 00:00

Неритан Цека е еден од најпознатите албански археолози, експерт за Илирско-дарданската култура.

За најновите истражувања на скопската тврдина Кале и обвинувањата на невладината „Разбуди се“ и некои медиуми, дека македонските археолози имаат намера да скријат артефакти од Илирско-дарданската култура, Цека за А1 изјави дека е добро е да се ангажираат албанци археолози, но не за да ги контролираат своите колеги македонци, не верувам дека во овој случај науката може да се употреби во дневно политички цели, рече тој.

„Калето е релативно нова градба во историјата на Скопје, потекнува од 9 век, иако се користени камења и натписи од римскиот период. Потребно е да се направат истражувања и во подлабоките археолошки пластови на средновековно Скопје, кое има потекло од државата Дарданија, каде што во овој дел на денешната територија на Македонија имаше дел од Илирската држава на Дарданите“, изјави Неритан Цека, археолог.

„Предлагам да се воспостави триаголник на соработка меѓу Скопје, Тирана и Приштина, зашто научниците треба да имаат предвид дека далечната историја не е историја на современите држави, археолошките наоди треба да ги рефлектираат односите од тоа време. Цела оваа дебата би требало да се ориентира кон она што не зближува и заедничките интереси, а не кон предрасудите создадени во минатото, кога археологијата била инструмент на политиката“, додаде Цека.

Пред една недела почнаа археолошките ископувања на тврдината Кале. Ќе траат до август, по што ќе следи фаза на нивна реконструкција и заштита.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk