Албанските историчари против проектот на Кузман
17.03.2007 00:00
Музафер Кокути од Албанија е еден од експертите за Илирологија, кој што албанските историчари од земјава предлагаат да биде вклучен во археолошките истражувања на Кале. Невладината „Разбуди се“ на денешниот собир на Калето со образложение, седумте албански експерти од Македонија не се стручни, тие се историчари на уметноста. Стравуваат од искривување на артефактите. „Илирската златна маска, џамијата во Прилеп, џамијата на охридското Кале, мислам дека тој не е во добри односи со Археолошкото друштво во Македонија“, изјави Артан Груби, претседател на НВО „Разбуди се“. „Треба да се знае дека Скупи бил внатре во кралството Дарданија, од тоа не може да се бега, тоа се факти“ рече Рамиз Абдули, универзитетски професор. Се повикуваат на Меморандумот за соработка, пред една година потпишан меѓу македонското и косовското Министерство за култура. На скопското Кале веќе започнаа археолошките истражувања, граѓанското здружение „Разбуди се“, не бара прекинување на ископувањата, туку приклучување и на албански експерти. За раководителот на проектот, професорот од Филозофскиот факултет Драги Митревски, неприфатлив е ваквиот предлог.Тоа би значело дека Македонија не е кадарна сама да го заврши проектот. „Тогаш ќе треба целата акција, целиот проект, целата методологија да се постави поинаку, па во тој проект да партиципираат и други страни со свои средства, со свои одговорности, со свои права и тогаш зошто да не учествуваат германци, ќе викнеме колеги од Америка, од Тирана и да направиме таков проект“, вели Драги Митревски, раководител на проектот „Кале“. Ископувањата се отворени за експерти од странство, но не во улога на контролори или супервизори, а секое влијание на политиката, според Митревски ќе биде на штета на научните истражувања.
|