Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Скопското Кале ќе се реставрира и истражува

Александра Бубевска Коментари (0)   
01.03.2007 00:00

Во 2007 и 2008 година ќе се истражуваат, санираат, конзервираат и реставрираат бедемите и кулите во југозападниот дел на скопската тврдина Кале, со цел таа да се спаси од натамошно руинирање.

За овој потфат, владата одобрила два милиони евра, досега најголема сума што државата ја издвоила за археологијата.

„Скопската тврдина е проект од капитално значење за македонската археологија, историја и култура. Нејзиното комплетно истражување, конзервација, реставрација, ревитализација е долг процес, нема ние се да направиме“, изјави Паско Кузман, директор на Управа за заштита на споменици.

Археолошките истражувања ќе почнат на 15 март, ќе траат до јули, со нив ќе раководи професор Драги Митревски, областа е поделена на шест истржувачки сектори, на кои ќе работат по двајца археолози.

Кузман не се сомнева дека Калето крие значајни артефакти.

„Од византиско, па рано византиско, па уште подлабоко лириско, па македонско, па архејско и така натаму, сето тоа ќе мора да излезе, ако го има“, додаде Кузман.

Проблем за истражувањето ќе биде ресторанот „Меркез“, чиј сопственик добил имотен лист за земјиште на кое се наоѓа споменик на културата од прва категорија.

Кузман денеска ги уверуваше медиумите на албански јазик, дека ќе вклучи и археолози Албанци, како дел од полемиката со нив, заради инсинуациите дека наводно имал намера да сокрие докази за Илирида.

Инаку, последните истражувања на тврдината се вршени на крајот на шеесеттите години и истакнати археолози изнесуваа претпоставки дека токму Калето ја крие тајната на Јустинијана прима.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk