Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Балкан  

Едмонд Темелко градоначалник на Мала Преспа, Албанија

Горан Момировски Коментари (1)   
19.02.2007 00:00
Едмонд Темелко
 

Едмонд Темелко од „Македонската алијанса за европска интеграција“ е новиот градоначалник на општината Мала Преспа лоцирана на границата со Македонија, во близина на Ресен.

Темелко, кој е основач на невладината организација „Друштво Мала Преспа“ е првиот избран функционер на Партијата на Македонците од нејзиното регистрирање пред 20 месеци.

„Ние излеговме со конкретна програма, проблемите на Мала Преспа се познати, се работи за многу сиромашна општина“, изјави на 18 февруари 2007-ма Едмонд Темелко, „Македонска алијанса за европска интеграција“.

„Многу труд и напори ќе треба да вложиме за да ја извлечеме Преспа од оваа економска катастрофа и Македонците да се чувствуваат послободни, да добијат повеќе права“, додаде Темелко.

По пребројувањето на гласовите, новиот градоначалник во Пустец се сретнал со неговиот ривал Панде Костовски, кој иако кандидиран од Демократската партија, вчера повика на листата на советници да се гласа за Македонската алијанса.

Еден од приоритети, по изборите е да се надминат поделбите меѓу Македонците во регионот и во цела Албанија, велат во партијата.

„Сето ова нас не става пред голема одговорност, треба да се работи ако сакаме да имаме позади нас маса на луѓе, Македонци кои гледаат кај нас една вистина и таа вистина треба да ја реализираме со остварување на нашата програма“, рече Ефтим Митревски, „Македонска Алијанса-Европска интеграција“.

И покрај постојаните притисоци и закани до гласачите, забраната за емитување на спотови на македонски јазик и бришењето на името на партијата од избирачките списоци, партијата на Македонците во конкуренција со 13 други партии успеа да добие градоначалник и четири советници во општината Мала Преспа.

Иако кандидирани од различни партии, сите членови на новиот совет на Мала Преспа се Македонци. Советници се очекуваат и во Тирана, Корча и Голо Брдо и неколку други места.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Дали македонска партија ќе добие градоначалник во Албанија? [18.02.2007]
• Македонците во Албанија очекуваат градоначалничко место [16.02.2007]
• Македонското знаме се вее во Пустец [19.09.2005]
• Регистрирана првата партија на Македонците во Албанија [08.06.2005]
• Одложена регистрацијата на партијата на Македонците во Албанија [02.06.2005]

  Најнови вести од Балкан 
• Светските милијардери се населуваат во Црна Гора [30.07.2010]
• Србија се коцка со кандидатурата во ЕУ [30.07.2010]
• Друцас: Да се избегне ќорсокак Белград - Приштина [30.07.2010]
• Над сто илјади туристи блокирани во северна Грција [30.07.2010]
• Тачи: Заборавете на размена на територии [29.07.2010]
• Прашањето за Косово се сели во Њујорк [29.07.2010]
• Грција ќе остане без гориво поради штрајк [28.07.2010]
• „Дејли Телеграф“: Кетрин Ештон има таен план за Босна [28.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk