23 телевизии и радио станици низ земјава ќе бидат затворени
16.02.2007 00:00
Советот за радиодифузија почна да казнува. На 23 телевизии и радија ќе им бидат одземени концесиите, оти не платиле повеќе од една година. На 18 електронски медиуми, меѓу кои две национални телевизии, им е даден рок од 45 дена да го платат заостанатиот долг од неколку месеци. „Со оглед на долгогодишната пракса на неподмирување на обврските на радиодифузерите кон концесиските договори, поради која се натрупаа огромни долгови, Советот за радиодифузија, со цел да се разреши овој проблем, донесе одлука на Владата да и предложи одземање на концесиите на сите трговски радиодифузни друштва кои не го платиле надоместокот за повеќе од една година“, изјави Илир Ајдини, заменик претседател на Советот за радиодифузија. „На останатите им се остава рок да ги подмират обврските до крајниот рок за поднесување пријави за усогласување на концесиските договори со условите на новиот закон“, додаде Ајдини.
|