Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Иницијатива за промена на имињата на улици и институции во Чаир

Билјана Стефковска Коментари (0)   
26.01.2007 00:00

Паркот во Чаир ќе се вика „Мајка Тереза“, стадионот на Слога југомагнат „Чаир“, булеварот пред стоковната „Илинден“ „Скендербег“, а „Крсте Мисирков“ „Азен Лити“.

Ова се само дел од предлозите на иницијативата за промена на имињата на улиците и институциите во општината Чаир. На списокот се најдоа и Тони Блер, Бил Клинтон, Весли Кларк.

Граѓаните поделени околу промената на постоечките имиња од историјата со имиња на политичари.

„Ако треба и Џорџ Буш ќе ставиме име, како што имаме Џон Кенеди. Тоа не би требало да биде така, улиците си имаат имиња, кое е најреално, тоа нека биде. Поарно да си ги имаат имињата како досега, македонски личности што значат историја. Нека стават на Киро Глигоров, на некој Албанец, а не вака“, велат граѓаните.

Според градоначалникот на Чаир, преименувањето немало да биде под импресии од дневната политика. Сепак, има посебно барање до градот Скопје.

„Наше барање ќе биде најмалку 20% од имињата на булеварите, на главните улици во рамките на градот Скопје да носат имиња од личности и од настани на албанската историја“, рече Иџет Меџити, градоначалник на Чаир.

Откако предлозите, меѓу кои се најдоа и првата кралица на Илирите Теута, Јашар Беу, но и Битолски конгрес, 24 март 1999-та, ќе ги разгледа советот на општината и ќе состави листа, владина комисија треба да го даде последниот збор.

Иако дебатата беше јавен повик до сите владини и невладини институции на територијата на општината Чаир да предложат имиња, расправата се одвиваше само на албански.

Не беше обезбеден превод на македонски, ниту на јазиците на заедниците.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk