Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

„Свислајон“ стана доминантен сопственик на „Агроплод“

Наташа Стојановска Коментари (0)   
23.06.2006 00:00

Српската компанија „Свислајон“ на Радољуб Драшковиќ стана доминантен сопственик на „Агроплод“ Ресен. Денеска на берзата ги купи и државните акции, со што сега поседува 52% од ресенската фабрика.

За пакетот државни акции од 26,6% Драшковиќ плати 1,1 милион евра. Со денешната и со трансакцијата од пред два месеци српскиот бизнисмен Драшковиќ го реализираше превземањето на „Агроплод“ Ресен.

Тогаш од вработените купи 25% од капиталот за еден милион евра. За денешниот пакет акции, кои беа клучни за доминантна сопственост на ресенската фабрика, државата имаше објавено тендер.

Битката се водеше меѓу бизнисменот Китинов и „Свислајон“ на Драшковиќ. Китинов и неговите партнери поседуваат 35% од капиталот на фабриката.

Обвинуваат дека продажбата на државниот пакет акции е незаконска, оти за нив тие веќе водат судски спор, а државата не смеела да ги продава.

Неодамна во изјава за А1 Китинов тврдеше дека продажбата на капиталот е договорена работа меѓу српскиот бизнисмен Драшковиќ и домашни владини функционери.

Родољуб Драшковиќ преку „Свислајон“ веќе ги купи сите кондиторски фабрики во Србија. Сега капиталот го шири на македонскиот пазар.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Китинов против продажба на државните акции во „Агроплод“ [07.05.2006]
• „Агроплод“ ќе биде симнат од котација на берзата [13.04.2006]
• Ќе се истражува трансакцијата на „Свислајон“ [04.04.2006]
• „Свислајон“ сака да стане доминантен газда на „Агроплод“ [03.04.2006]
• „Свислајон“ се подготвува за преземање на „Агроплод“. [31.03.2006]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk