Расте бројот на интернет корисници?
28.05.2006 00:00
Расте бројот на интернет корисници, покажува последната анкета на „Стратеџик маркетинг“, за само шест месеци за дури четири пати. Во септември лани имало 120.000 регистрирани интернет корисници, сега во април тој број е повеќе од 550.000. Експертите се скептици, велат ланските податоци и овие сега не може да се споредуваат, применети се различни методи. „Иако имаше интересни случувања минатата година, такво нешто се нема случено. Сериозно поместување на бројот на корисници од минатите години нема“, изјави Методија Пејоски, експерт. „Дури јас имав и некој податок и сознанија дека минатата година имаше и одредено намалување на бројот на корисници, што е шокантно“, додаде Пејоски. Бизнисмените од компјутерскиот сектор проблемот го лоцираат во се уште малиот бројот корисници на интернетот од дома. „Половината од нив во интернет кафе користат. 31% користат од дома од тие 27%. Значи, на работа, на факултет и кај пријатели, така е распределено“, рече Предраг Чемерикиќ, Он Нет. Во Франција и Грција директно власта го стимулирала користењето интернет од дома, така што цела една година сите граѓани имале бесплатен интернет. Законската рамка за развој на ај-ти секторот е направена, Владата целосно се компјутеризираше. Понуди и голем дел од своите услуги на интернет страниците. На пазарот се нудат компјутери по пристапни цени, голем дел од програмите се направени со македонска поддршка. Бизнисмените велат, многу предуслови се создадени. Недостасуваат поевтини цени на интернет услугите и конкуренција во фиксната телефонија.
|