Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

ПИОМ ги продава акциите во македонските фирми

Даниела Михајловска Василевска Коментари (0)   
18.05.2006 00:00

Државниот пензиски фонд ги продава акциите што ги има во македонските фирми. Аукциската продажба ќе се случи преку берзата на 2 јуни, за две недели.

Се продаваат акции во 110 фирми и удели во други осум - во „Алкалоид“, „Фершпед“, „Макпетрол“, „Агроплод“ и во други компании.

Процентот што се продава е различен. Од еден до 25 проценти од акционерскиот капитал. На еден месец до избори Фондот за пензиско осигурување планира од продажба на акционерскиот капитал да заработи огромни 36 милиони евра.

Директорот на ПИОМ, Китановски, денеска е на службен пат надвор од земјата. Вели, утре ќе објасни зошто дури сега одлучиле да ги продаваат акциите.

Експертите сметаат, ПИОМ многу порано требаше да се ослободи од акционерскиот капитал во македонските компании. Вака, случајно или намерно, се совпаѓа со предизборниот период. Спорни се и цените по кои се нудат акциите.

На пример, акциите на „Алкалоид“ на пазарот се продаваат за 4.071 денари по акција. ПИОМ ги нуди по 1.500 денари.

И акциите на „Фершпед“ ќе привлечат интерес. Шесте проценти од најмоќната шпедиција во државата ПИОМ ќе ги нуди по речиси двојно помала цена од продажната. Наместо по 65.000 денари за акција, како на берзата, ПИОМ ги продава за 37.500 денари.

И „Тиквеш“ и битолската фабрика се продаваат поевтино. Ако пензиско не ги продаде во првиот рок на 2 јуни, ќе се објави втор термин со намалени цени.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Стартува најзначајната реформа во ПИОМ [03.10.2005]
• 850 фирми го заглавија ПИОМ за повеќе од 100 милиони евра [07.03.2003]
• Касата на ПИОМ финансиски исцрпена [19.12.2002]
• Репрограмирани долговите на претпријатијата кон ПИОМ [08.10.2002]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk