„Агроплод“ ќе биде симнат од котација на берзата
13.04.2006 00:00
„Агроплод“ ќе биде симнат од котација на берзата по предлог на „Свислајон“. Директорите ова официјално ќе го побараат од берзата откако ќе се одржи собранието на акционери идната недела. Со ова „Свислајон“, фирма во сопственост на братот на српскиот шеф на дипломатијата Драшковиќ, подготвува терен за превземање на „Агроплод“ од Ресен. Откако пред две недели српската компанија купи 25% од компанијата, сега крои план за да ги купи и државните 25%. Со ова многу полесно „Свис“ ќе стигне до државниот пакет на ресенската фабрика. Според законот, ако акциите на „Агроплод“ се симнат од котација, тогаш „Свислајон“ нема обврска да дава задолжителни информации за структурата, не мора ниту да го почитува законот за превземање, според кој ако се купат 30% од акциите, треба да се достави понуда за откуп на сите 100% акции. Најголемите акционери во „Агроплод“, Китинови, веќе реагираа на новата бизнис клима во „Агроплод“. Обвинија дека Владата и помага на српската компанија „Свис“ така што „Агроплод“ ја стави на листата фирми од посебен интерес за државата. Познавачите велат, со таквата одредба и се остава на Владата дискреционо право да одлучи кому ќе ја продаде.
|