Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Ќе се истражува трансакцијата на „Свислајон“

Даниела Михајловска Василевска Коментари (0)   
04.04.2006 00:00

Комисијата за хартии од вредност истражува дали „Свислајон“ законски ги купи 25-те % акции од „Агроплод“, дознава А1. Под какви услови, дали требало да има јавен повик за откуп на целата компанија, комисијата не сака да прејудицира каква ќе биде одлуката.

Денеска експресно реагираше и најголемиот акционер во „Агроплод“, Китинов откако „Свислајон“ го посочи како виновник за загубите во фабриката од два милиони евра.

Вели, тоа е лага. Со „Агроплод“ управувал само два месеци.

„Веќе 8 месеци немаме пристап таму. Која е грешката на Китинови што месец и половина беа со управувањето. Ниедна наша одлука ниту беше донесена, ниту спроведена“, изјави Ѓорѓи Китинов, акционер во „Агроплод“.

Еден ден откако „Свислајон“ ги купила акциите, Драшковиќ бил кај Китинов. Не постигнале договор за заеднички бизнис. И двајцата ќе се борат за државниот пакет акции.

Откако пред десет дена ја прогласи за компанија од посебен интерес, Владата ќе има дискреционо право да одлучи кому ќе ја продаде.

Китинов останува на ставот дека некој му прави пат на „Свислајон“.

„На повеќе од 300 мали акционери им беа блокирани акциите од локалните политички структури и наеднаш 25% од акциите им се одземени на луѓето и дадени на „Свислајон“. Немам ништо против, но ние, со 250 евра не можеме да ги докупиме“, рече Китинов.

Предупредува дека дел од акциите не смеат да се продаваат. Иако прогласени за државни, тој тврди дека се негови и дека незаконски му се одземени.

Спори со комисијата за хартии од вредност. Досието „Агроплод“ го доставил и до Антикорупциската комисија и Европската мисија.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• „Свислајон“ сака да стане доминантен газда на „Агроплод“ [03.04.2006]
• „Свислајон“ се подготвува за преземање на „Агроплод“. [31.03.2006]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk