Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

„Свислајон“ се подготвува за преземање на „Агроплод“.

Даниела Михајловска Василевска Коментари (0)   
31.03.2006 00:00

„Свислајон“ се подготвува за преземање на управувањето во „Агроплод“. Идната недела ќе ги обелоденат пред јавноста намерите за бизнисот со ресенската фабрика.

25% од акциите ги купија од 400 вработени. Платија вкупно еден милион евра. Прв човек на „Свислајон“ е Родоуб Драшковиќ, брат на српскиот шеф на дипломатијата, Вук Драшковиќ.

Од компанијата велат дека роднинските релации на Вук со Родољуб немаат никакво влијание во бизнисот на „Свислајон“, тоа е фирма основана во Швајцарија со мултинацинален капитал.

Но, неговите главни бизниси се во Србија. Ги поседува „Таково“, „Јувитана“ и уште неколку српски фабрики за храна.

На вчерашната трансакција реагираа останатите акционери. Тврдат дека со амин на високи владини функционери се оди на варијанта „Свислајон“ да стане доминантен акционер во најголемата фабрика во Ресен.

А1 побара одговор од градоначалникот, Димитар Бузлевски, која е вистината околу продажбата на „Агроплод“. Тој не сакаше да коментира.

Според акционерската структура, слободни остануваат уште 35% од капиталот на компанијата. Главната битка сега ќе се води за државниот пакет акции. Кој ќе го добие, ќе стане газда на „Агроплод“.

На едната страна се бизнисменот Китинов со неговите партнери, на другата е Родољуб Драшковиќ со неговиот „Свислајон“.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk