Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

25% акции од „Агроплод“ ги купи „Свислајон“

Даниела Михајловска Василевска Коментари (0)   
30.03.2006 00:00

25,4% акции на „Агроплод“ од Ресен денеска се истргуваа на берзата. Ги продавале работниците, ги купил „Свислајон“, фирма што ја поседува братот на српскиот министер, Вук Драшковиќ, велат извори за А1.

Официјално, акциите ги купиле две правни лица, за да ја избегнат законската обврска според која, секој што ќе купи над 25% од акционерскиот капитал мора да достави понуда за откуп на сите 100% акции во компанијата.

Според структурата, најголем акционер во „Агроплод“ е Китинов кој со бизнис партнерите поседува 40% од компанијата. 25% - пакетот акции од вработените од денеска ги поседува „Свислајон“.

20% е државен капитал кој Владата го утврдила како имот од посебен интерес, што значи, овој дел од имотот може да се продава со јавно наддавање надвор од берзата.

Познавачите на овој бизнис велат, со таквата владина одлука и денешната трансакција на берзата се насетува притисокот на Владата кој да стане новиот доминантен акционер во моќната ресенска фабрика.

Тврдат, битката за „Агроплод“ допрва престои. И Хрватска фирма ја пикирала компанијата.

Во меѓувреме, најголемиот акционер, Китинов, тврди дека заедно со партнерите поседува 66% од акциите во „Агроплод“, но за 25 од нив води судски спор со државата.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk