Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Првите 180 македонски аџии од Мека слетаа на Петровец

Менче Атанасова Точи Коментари (0)   
17.01.2006 00:00

Првите 180 македонски аџии од Мека слетаа на Петровец, со директен лет од градот Џеда во Саудиска Арабија.

Никој од нив ниту стапнал, ниту поминал низ Турција, каде се регистрирани повеќе случаи на птичји грип. Сепак, покрај роднините, на дочекот аџиите беа пречекани и од лекарските екипи.

Зад затворени врати дознале дека аџиите се чувствуваат добро и им поделиле упатства: да се јават на лекар наредните пет дена.

„Сите контроли ги завршивме, се направивме. Се е добро“, изјавија аџиите.

Доцна вечерва треба да пристигнат уште два авиона со аџии. И нив ќе ги чекаат претставници на Исламската верска заедница.

„Патниците се здрави, во добра кондиција и сите добија решение за петдневен здравствен преглед и за вршење на потребна анализа“, изјави Хаџи Јакуб Селимовски, директор на одделот за верски прашања во ИВЗ.

Прегледите беа брзи и тајни. Санитарно-здравствената контрола не можевме да ја регистрираме, бидејќи не ни беше дозволено снимање внатре во аеродромот. иако беше ветено, не добивме изјава ниту од лекарите кои вршеа лекарска контрола на аџиите.

Стравот од птичјиот грип не остана само на Петровец. Според нашите информации, и во струмичкото село Банско ветеринарни инспектори тајно земале мостри од угинатата живина, иако се покажа дека кај нив нема вирус.

Светот се организира, експертите велат, нема време за чекање. Во Пекинг се собраа претставници на стотина земји и организации. Целта им е да соберат милијарда и пол долари за борба против птичјиот грип.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Дете со симптоми на птичји грип почина во Индонезија [17.01.2006]
• Руските научници произведоа вакцина против птичји грип [16.01.2006]
• Ризикот за пренесување на птичјиот грип не е зголемен [16.01.2006]
• Грција ги засили превентивните мерки против птичјиот грип [16.01.2006]
• Израелец подложен на тестови за птичји грип [16.01.2006]

  Дополнителни информации 
• Места на појавување на птичјиот грип [18.10.2005]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk