Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Загинатите македонски аџии во Мека се од струшко Октиси

Нина Кепеска Коментари (0)   
17.01.2006 00:00

Шадие Цаноска и Каплан Цаноски од струшкото село Октиси се двајцата загинати аџии во Мека. Веста за нивната смрт по стампедото на аџиите, нивните семејства ја примиле во саботата.

Тие сега ги чекаат останатите аџии од групата да се вратат и да им кажат што всушност се случило.

50-годишната Турчинка Шадие на аџилак заминала со својот сопруг со авион, нејзините синови ги затекнавме во молитва, во џамијата, веднаш до семејната куќа каде Шадие го водела трговскиот дуќан.

„Ние се гордееме што нашата мајка го даде својот живот за својата вера, извршувајќи ја својата должност, извршувајќи го петиот исламски столб, Хаџат“, изјави Неџад Цаноски, син на загинатата.

Свекорот на Шадие, веста за смртта ја разбрал од продавачката во неговиот дуќан во Струга.

„Имало и една жена во болница, но денес утрово, починала и мене паника ми дојде“, рече Малиќ Цаноски, свекор на загинатата.

И вториот загинат аџија од Октиси, 57-годишниот македондски муслиман Каплан Цаноски, пензионер кој работел во Швајцарија, во Мека отишол со сопругата, а неговото семејство не сакаше да зборува за настанот.

На аџилак во Мека, годинава, од струшкиот регион, отидоа 50-тина аџии од кои 30 од Октиси, село со 5.000 жители, Македонци-муслимани и православни христијани.

Меѓу аџиите од Македонија во Мека еден починал од природна смрт, а четворицата повредени во стампедото во земјава ќе бидат вратени утре изутреина со третиот авион со аџии од Мека.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Најмалку 76 загинати при уривањето на хотелот во Мека [07.01.2006]
• 53 загинати аџии во Мека [06.01.2006]
• 70 лица загинаа при уривање на зграда во Мека [05.01.2006]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  9. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  10. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk