Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Ризикот за пренесување на птичјиот грип не е зголемен

Менче Атанасова Точи Коментари (0)   
16.01.2006 00:00

Вирусот на птичјиот грип секојдневно мутира, но сеуште не се пренесува од човек на човек. Ризикот не е зголемен. Ова е заклучокот од конференцијата во Луксембург што Македонија го дозна дури после три дена по завршување на состанокот.

Европската комисија побарала од земјите членки и кандидатите за прием да изготват национални планови и да започнат со антивирусна терапија, секоја според своите можности.

„Не се забранува патување во Турција и патувањето во Турција не претставува епидемиолошки хазард. Аеродромското патување, патување со железница не претставува ризик“, изјави д-р Жарко Караџовски, член на тимот кој беше во Луксембург.

РЗЗЗ има изготвено оперативен план, но Владата допрва треба да го усвојува. Проблематичен е фактот препораките на Европската комисија тројцата експерти три дена ги чуваа само за себе, без да и ги соопштат на јавноста.

А Европа бара навремено и објективно информирање за се што се случува со птичјиот грип.

„Ние како Министерство за здравство сме должни да му поднесеме извештај на тој што не праќа, а мене ме прати колегата, Министерот за здравство. Оној момент кога ќе не пратите вие во мисија би можеле и вам да ви дадеме информации“, рече Караџовски.

Во Турција дури денеска е формиран национален координативен центар за контрола на птичјиот грип, кој ќе собира податоци и ќе ја информира јавноста.

Таму веќе пристигнаа експерти од СЗО и САД кои ќе испитуваат десетици илјади луѓе за евентуалната зараза. Меѓународните организации испратија лекови.

ФАО предупреди дека е можно болеста да стигнала во соседните земји. Опасност и се заканува и на Молдавија, Украина, Бугарија и Ирак, изјави Самјуел Јуци, раководител во ФАО.

Грција и Албанија ги засилија мерките за заштита на границите. Македонија превземала се што е потребно за да се заштити, тврдат во Министерството за здравство.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Руските научници произведоа вакцина против птичји грип [16.01.2006]
• Грција ги засили превентивните мерки против птичјиот грип [16.01.2006]
• Израелец подложен на тестови за птичји грип [16.01.2006]
• Уште една жртва на птичјиот грип во Индонезија [16.01.2006]
• Си-Ен-Ен Турск: Во Турција постои опасност од епидемија на птичји грип [16.01.2006]

  Дополнителни информации 
• Места на појавување на птичјиот грип [18.10.2005]

  Најнови вести од Македонија 
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]
• 19 години самостојна Македонија [08.09.2010]
• Власта не сака професионално и објективно новинарство [08.09.2010]
• Поддршка од Меѓународната и европската федерација на новинари [08.09.2010]
• Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт [08.09.2010]
• „Достоинство“ бара одликувања за бранителите [08.09.2010]
• Меѓународниот фестивал „Ристо Шишков“ по 18-ти пат [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Убиство во Студеничани
  3. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  4. Не можевме ниту со Ерменија
  5. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  6. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  7. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Србија во мундијалското полуфинале
  10. Несреќа на работно место: Го скршил пенисот додека снимал порно филм
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  3. Не можевме ниту со Ерменија
  4. Убиство во Студеничани
  5. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  6. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. Уапсен убиецот на кичевчанката Крстеска
  9. 19 години самостојна Македонија
  10. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk