Израелец подложен на тестови за птичји грип
16.01.2006 00:00
Еден Израелец денеска е хоспитализиран во болницата Хадас во Ерусалим со симптоми на птичји грип, соопшти претставник на болничкиот комплекс. Пациентот одгледува кокошки, а едно од пилињата угинало пред неколку дена. Поради тоа лекарите прават тестови за проверка на вирусот на птичјиот грип. Тестови ќе бидат извршени истовремено во болницата и во лабораторијата на израелското Министерство за здравство.
|