Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Снегот повторно ја изненади Македонија

Сунчица Стојчевска Коментари (0)   
11.12.2005 00:00

Снегот повторно ја изненади Македонија. Поради денешните обилни врнежи на снег, посебно во западна Македонија, отежнат е сообраќајот на речиси сите патни правци.

Коловозите се влажни, а на некои има и снежна покривка. Засега само една посериозна сообраќајна несреќа. Двајца патници се повредени откако автобус на туристичката агенција „Хисар“ утринава излетал од патот кај Кичево.

Најголеми застои вообичаено има на планинските превои, кај Стража и Плетвар, како и патот Маврово-Дебар. На овие правци забранет е сообраќајот за тешките моторни возила, а за лесните е задолжителна употребата на зимска опрема.

„Сеуште сообраќајот се одвива отежнато, во зимски услови на скоро сите патни правци во државата. Ова особено се однесува за западниот и југозападниот дел, каде врнежите од снег на патните правци се поинтензивни“, рече Димче Ашиков, АМСМ.

„Ние препорачуваме крајно внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот“, додаде Ашиков.

Од аеродромот „Петровец“ информираат дека поради временските услови авионот на МАТ од Цирих не слетал на скопскиот аеродром, додека авионот на компанијата „Ал Италија“ за Милано, кој требаше да полета попладнево, одложен е за утре.

Железничкиот сообраќај во земјава се одвива нормално, додека меѓуградските автобуси од југозападниот дел пристигнуваат со задоцнување од половина час.

Вечерва во земјата времето ќе биде облачно со врнежи од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. Температурата ќе се движи од минус два до четири степени.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk