Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

ВМРО-НП бара оставка од генералот Стојановски

Миомир Серафиновиќ Коментари (0)   
27.11.2005 00:00

Во Народна сметаат дека Стојановски не грешел само во Вуковар туку и во Македонија, кога пред 10-тина година со своите единици бил подготвен да пука во македонските граѓани кои протестирале.

Тоа е познато минато на Генералот и може да се злоупотреби против државата, оценуваат во ВМРО-Народна и бараат да си даде оставка.

„Стојановски со ваквото минато секогаш може да биде марионета или предмет на уцена од страна на странски служби“, изјави Јован Андоновски, генерален секретар на ВМРО-Народна.

„Со тоа би се довел во прашање целиот безбедносен систем. Тоа би значело катастрофа за безбедносниот систем“, додаде Андоновски.

Во ВМРО-ДПМНЕ порезервирани - треба да се види дали има вистина во обвинувањата на хрватските медиуми против Началникот на Генералштабот на АРМ.

„Доколку има, можеби генералот Стојановски треба да размисли и од морален чин да си даде оставка“, рече Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Хрватска за Стојановски ќе оди до крај, тоа го најави денеска нивната министерка за правда Весна Шкаре Обжолт која вели, сите воени злосторства во Хрватска мора да завршат со правен епилог.

Но прво ќе се чека да заврши истрагата против генералот Стојановски покрената од државното обвинителство во Вуковар, врз основа на документацијата на хрватските власти.

Хрватските медиуми го обвинуваат генералот Стојановски, дека како припадник на воената полиција на ЈНА учествувал во вуковарските злосторства пред 14 години.

Пред две години на Бриони, за Стојановски разговарале двајцата претседатели Трајковски и Месиќ. И тогаш Месиќ спомнал дека хрватските служби имаат документи за активностите на Генералот во Вуковар.

За сегашните обвинувања чуле и во Брисел. Од НАТО не сакале да го коментираат случајот, но стравувале дека може да дојде до заладување на македонско-хрватските односи во Јадранската повелба.

Коментар за случајот даде и Црвенковски. Вели, само Хашкиот трибунал може да обвини за злосторства во поранешна Југославија, а Македонија со тој суд има извонредна соработка.

Наспроти Претседателот, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека власта навистина добро соработува, но само со обвинителството на Дел Понте, а никако не ги дава документите на адвокатите на притворените Бошковски и Тарчуловски.

„Македонија е единствениот случај во историјата на Трибуналот, на која и се сугерира со докази да ја поткрепи одбраната на обвинетите за нормален тек на постапката“, рече Груевски.

Груевски најави, дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ утре во Собранието ќе поднесат декларација, со која ќе бараат сите шест хашки случаи од Македонија, вклучувајќи го и Љуботен, да се вратат во Скопје и тука да завршат со судски процеси.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• ГШ и Одбрана немаат коментар за случајот со Стојановски [26.11.2005]
• Бучковски и Санадер во вторник ќе разговараат за Стојановски [25.11.2005]
• Генерал Стојановски нема коментар за случувањата во Хрватска [24.11.2005]
• Генерал Стојановски учествувал во нападите на Вуковар [22.11.2005]
• Месиќ ја смирува тензијата по скандалот со Стојановски [21.11.2005]

  Најнови вести од Македонија 
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk