Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Бучковски и Санадер во вторник ќе разговараат за Стојановски

Ирина Гелевска Коментари (0)   
25.11.2005 00:00

Македонскиот и хрватскиот Премиер во вторник во Загреб ќе разговараат за обвинувањата против началникот на ГШ на АРМ Мирослав Стојановски. Хрватското јавно обвинителство веќе не чека, отвори пред истражна постапка.

Обвинителот Младен Баиќ потврдил дека ќе ја утврдува веродостојноста на информациите објавени во хрватските медиуми - дека македонскиот началник учествувал во воените злосторства во Вуковар во 91-та година.

И Македонија и Хрватска се согласни, дека темата што ја отворија хрватските медиуми не смее да ги наруши добрите односи меѓу двете партнерски земји, изјави Бучковски по средбата со неговиот хрватски колега Санадер во Чешка.

„Тоа што сега е актуелно - се договоривме повеќе да разговараме во вторник“, изјави Владо Бучковски, претседател на Владата на Македонија.

„Не може ништо да ги наруши овие односи. Има проблем со Генералот, кој Премиерот и јас ќе го разгледаме“, вели Иво Санадер, претседател на Владата на Хрватска.

Изборот на личноста што се наоѓа на чело на ГШ на АРМ е наша и само наша работа - кусо денеска коментираше врховниот командант Црвенковски.

Што се однесува до воените злосторства од просторите на поранешна Југославија, најповикана и најнадлежна институција е трибуналот во Хаг, а неговата оценка е дека Македонија е држава која целосно соработува со трибуналот и може да служи за пример на некои земји кои произлегоа од поранешна Југославија - оценува Црвенковски.

И Министерот за одбрана оценува дека мора да се зачува угледот на началникот.

Досието на началникот на ГШ на АРМ Мирослав Стојановски е чисто, а Македонија е горда што има таков Генерал со висок професионализам, изјави Манасиевски, додавајќи дека обвинувањата против Стојановски се последица на внатрешно-политички пресметки во Хрватска.

„Ова што ви го говорам не е само ставови на македонската Влада. Генералот Стојановски ги има поминато сите потребни НАТО процедури, што значи дека тој е офицер кој ужива апсолутна доверба“, рече Јован Манасиевски, министер за одбрана.

Минатата седмица, по посетата на началникот на АРМ на Хрватска, хрватските медиуми ги обвинија властите дека со највисоки почести го пречекале Стојановски, кој во 91-та како капетан на ЈНА командувал со воена полиција во Вуковар.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Генерал Стојановски нема коментар за случувањата во Хрватска [24.11.2005]
• Генерал Стојановски учествувал во нападите на Вуковар [22.11.2005]
• Месиќ ја смирува тензијата по скандалот со Стојановски [21.11.2005]
• Негативни коментари за посетата на Стојановски на Хрватска [20.11.2005]

  Најнови вести од Македонија 
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk