Македонското знаме се вее во Пустец
19.09.2005 00:00
Од денеска македонското знаме се вее во Пустец, Албанија. Жолто шеснаесет-зрачно сонце на црвена основа е симболот на општина Пустец, кој го одобри и албанското Министерство за правда. Со ова, Пустец е единствената општина населена со Македонци, која што има свое знаме и грб и каде за првпат македонскиот јазик и кирилското писмо се воведени во административна употреба.
|