Писмото на Бучковски до патријархот Вартоломеј
25.08.2005 00:00
 | | Владо Бучковски | | | |
Сесвети Патријарху на Константинопол, на новиот Рим и сета Екумена Сигурен во вистината дека потекнувате од Црквата која обединува, и познавајќи Ве како личност која предано и усрдно се грижи за верата и единството на православните народи и на нивните помесни цркви, како претседател на Владата во македонското демократско мултикултурно општество, во кое мнозинството граѓани се со православна вера, Ви се обраќаме затоа што имаме вистинска потреба од Вашето внимание и разбирање за проблемот кој е од црковна природа. Во последната преписка со Вас побаравме посредништво, охрабрување за двете страни, потикнување на дијалогот меѓу МПЦ и СПЦ затоа што верувавме дека не се исцрпени сите иницијативи со цел да се побуди духот на дијалог.  | | Вселенскиот патријарх Вартоломеј | | | |
Но за жал, на мислење сме дека со последниот ерархиски акт на СПЦ се загрози односот на доверба со МПЦ, се оневозможи дијалогот и се продлабочи црковната криза. Со Вашиот последен повик за враќање на преговарачка маса на архиереите на двете помесни и сестрински цркви поттикнавте мирна иницијатива за надминување на меѓусебниот спор. Но меѓу двете страни на таа иста маса треба да посредува трета неутрална страна. Вам, но и на севкупната јавност и е познато дека МПЦ исто како и светата Христова Велика Црква прифаќаше посредништво во преговорите и трилатерални средби, а СПЦ досега го отфрлаше овој принцип во разговорите заради што не изненадува нивниот неуспех. Ваша Сесветост, Чувстувам за потребно да Ве известам дека устројството на законодавството во мојата земја е такво што не и овозможува на првоминистерската функција, чиј носител сум, да нареди итно ослободување за било кој граѓанин на Република Македонија, кој е прекршител на законите. Одлуката да се затвори господинот Вранишковски е одлука на судот. Судската власт во целост е одвоена од извршната власт и е независна во својата работа. Вашата татковска доверба за нашиот личен конструктивен приод кон нерешеното црковно прашање во мојата земја не охрабрува. Вие се уверивте во нашата искрена желба тоа што поскоро да добие своја завршница, а јас Ве уверувам дека мнозинството граѓани со православна вера се со иста мисла: да се реши црковното прашање во нашата земја. Ви благодариме за Вашите молитви, Ви посакуваме здравје и крепост.
|