Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Црвенковски нема да дозволи мешање за случајот Вранишковски

Горан Момировски Коментари (0)   
07.08.2005 00:00
„Треба да се води сметка дека се работи за одлука на судската власт“
 

Претседателот Црвенковски денеска им порача на српските функционери, кои преку медиумите бараа ослободување на Вранишковски, дека Македонија нема да дозволи мешање во своите внатрешните работи. Според Претседателот, нема никаква причина било кој поединец или институција во Србија, да се ангажира во овој случај.

„Кога говориме за лицето Вранишковски, говориме за државјанин на РМ, за лице кое не е припадник на српското национално малцинство во Македонија, за лице кое се обидува да воспостави некаква црковна организација, која нема за задача да ги штити и исполнува религиозните чувства на Србите во Македонија, туку има за задача да ја супституира или негира МПЦ“, изјави Бранко Црвенковки.

„Значи не постои ниедна причина, било кој како поединец или било која институција во Србија да пројавува било каков ангажман, бидејќи сето тоа би значело мешање во внатрешните работи на РМ“, рече шефот на државата.

Тој не чувствува, дека на институцијата Претседател се врши дипломатски притисок. Досега никој од дипломатите во Скопје, од Претседателот не побарал со евентуална аболиција, да го ослободи Вранишковски.

„Што се однесува до мене таков притисок не постои. Дури би рекол дека некој посебен интерес кај претставниците на меѓународната заедница во овој период по ова прашае не постои, а и кога би постоел, треба да се води сметка дека се работи за одлука на судската власт, која е независна од другите власти и тие одлуки треба да се почитуваат“, додаде Црвенковски.

Неофицијално од Брисел, покрај прашањата за економските скандали, се најавуваат уште прашања, но овој пат за политичките процеси. Состојбата со човековите права, конкретно за пресудата на поранешниот македонски владика Зоран Вранишковски, е едно од новите прашања.

Единствениот контакт кој Црвенковски го имал со некој од српските власти, е телефонскиот разговор со својот српски колега Тадиќ. На него било договорено да се преземат мерки, со кои ќе се спречи влошување на односите меѓу двете земји.

Кои се мерките кои ќе ги спречат српските власти под контрола на Коштуница, а под силно влијание на СПЦ да се мешаат во внатрешните работи на Македонија - засега никој не кажува.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• МАТ остана без поддршка од Претседателот и Владата [07.08.2005]
• Владиката Кирил: Нема алтернатива со СПЦ и српската Влада [06.08.2005]
• Србија не смее да си дозволи нарушување на односите со Македонија [05.08.2005]
• ЈАТ не му го врати авионот на МАТ [05.08.2005]
• Дали ЈАТ пред полноќ ќе го врати авионот на МАТ? [04.08.2005]

  Дополнителни информации 
• Писмо на Бучковски до Вартоломеј [17.11.2005]
• Писмо на Црвенковски до Алексеј Втори [02.09.2005]
• Писмото на Бучковски до патријархот Вартоломеј [25.08.2005]
• Писмото од патријархот Вартоломеј до Бучковски [25.08.2005]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk