Бучковски и Коштуница останаа на своите ставови за Вранишковски
03.08.2005 00:00
 | | „Во овој момент остануваат на располагање правните средства, кои тие ги знаат“ | | | |
Српскиот премиер го одби барањето на Бучковски црковните проблеми да не ги попречуваат пријателските односи меѓу Србија и Македонија. За Коштуница единствен гарант за добрите односи меѓу Белград и Скопје е ослободување на Вранишковски. Денеска во Салцбург тие не се договориле политиката да остане настрана од црковниот спор меѓу СПЦ и МПЦ. По средбата со Коштуница, Бучковски не знае како случајот Вранишковски ќе се одрази на односите меѓу Србија и Македонија. Тој вчера на Пелинце рече дека нападите на МПЦ имаат политички и нецрковен карактер. „Јас го пренесов ставот на Владата дека почитувајќи го принципот на поделба на власта, а тоа г-нот Коштуница многу добро го знае, бидејќи е професор по Право, лимитирани се можностите на Владата“, изјави Владо Бучковски, претседател на Владата на РМ. „Во овој момент остануваат на располагање правните средства, кои тие ги знаат. Како целиот овој случај ќе се одрази на односите помеѓу Македонија и Србија, во овој момент не би можело да се прогнозира“, додаде Бучковски. Непопустлив пред барањето за пријателски односи, Коштуница повторно со директна закана - или Зоран на слобода или заладување на односите. Од Белград денеска и барање од српскиот министер за вера Милош Радуловиќ, кој од Цане Мојановски, претседател на владината Комисија за односи со верските заедници, бара да и укаже на Владата дека судските власти донесле неприфатлива пресуда за Вранишковски. Додека неговиот премиер директно од Бучковски бара реакција од македонската власт, Радуловиќ најавува потпишување на меморандум за немешање на двете влади во црковниот спор. За разлика од српската Влада, претседателот на Србија и претставници на заедницата Србија и Црна Гора во обид да ги смират страстите во кабинетот на Коштуница. Правниот совет на МНР на Србија и Црна Гора денеска со став дека СЦГ не може правно да го штити Вранишковски, затоа што тој е македонски државјанин. Обид за смирување на состојбата и од претседателот на Србија, Тадиќ, кој во вчерашниот телефонскиот разговор со претседателот Црвенковски се заложил за одржување на добрите односи меѓу Скопје и Белград. За Тадиќ, мешањето на Србија во случајот Вранишковски е мешање во внатрешните работи на туѓи политички и судски процеси. Според него, проблемот треба да го решава македонската држава и европските институции за човекови права.
|