Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Прва изложба на восочни фигури во Македонија

МИА Коментари (0)   
21.09.2004 00:00

Во Музејот на Град Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на 23 восочни фигури, прва од таков вид во земјава, организирана во соработка со Музејот на восочни фигури од Санкт Петербург.

Вкупната колекција на санктпетербуршкиот Музеј има 1.500 експонати распоредени во 47 тематски поставки. Експонатите се изработени во природна големина и се верна копија на познати имиња од светот на историјата, политиката, естрадата и науката.

Меѓу 23-те копии на познати личности кои допатуваа во Македонија се Платон, Аристотел, Петар Велики, Пушкин, Наполеон, Сталин, Рузвелт, Черчил, Хитлер, Ајнштајн, Владимир Путин итн..

За изработка на една фигура учествуваат над 20 луѓе од различни профили, сликари, скулптори, маникири, педикири, костимографи и изработувачи на перики.

За да се изработи еден експонат од восок, потребни се меѓу три и шест месеци, во зависност од сложеноста на фигурата. Косата, веѓите и трепките на фигурите им се изработуваат од природни влакна кои, едно по едно, се всадуваат во восокот, така што една просечна глава има околу 45.000 бодежи, а глава со брада и мустаќи има околу 60.000 бодежи.

Фигурите се изработуваат од чист восок од пчели и издржуваат температура од -30 до 45 Целзиусови степени.

Најфасцинантни за посетителите на изложбата се очите на фигурите кои изгледаат како вистински. Тие се изработуваат на познатата руска клиника „Фјордоров“. Се работи за очни протези кои се користат и кај луѓето. На ист начин се вградуваат и забните протези.

За посетителите на изложбата во Музеј на Град Скопје ќе биде отворена Книга на впечатоци во која може да се запишат предлози и сугестии за изложбата или идеи за восочни фигури на личности од Македонија.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk