Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Јовановски: „Илузија е бегство од реалноста и креирање на свој свет“

Александар Чомовски Коментари (0)   
19.09.2004 00:00
 Видео: 56K | Dual ISDN
 
„Комплексна е структурата на филмот, но најмногу зборува за насилството во семејството, за распадот на семејството“
 

Песната во шпицата на филмот има свој бекграунд, ја пееле македонците кога ги трпале во возови од Егејска Македонија, ја пееле од прозорите. Таа е многу позната песна, изјави Владо Јовановски, актер.

Што е Илузија?

Тоа е насловот кој се избори да остане како наслов. Инаку работниот наслов на филмот беше „Години на надеж“. „Илузија“ најмногу кореспондира со потребата на главниот лик, нашата звезда Марко Ковачевиќ, со бегството од тортурите кои се вршат врз Марко Трифуновски во филмот, а Марко Ковачевиќ во животот.

Бегството од таа реалност и креирање на некаков свој свет, тоа е главната идеја. Инаку филмот изобилува, за жал, со насилство и глобален тероризам.

Значи ли тоа дека семејната траума и семејниот мини-тероризам е причина за насилството кое што се јавува?

Насилството не доаѓа со помпа и со фанфари на големи врати. Насилството најверојатно почнува кога близок на близок ќе дигне рака, како татко на син, брат на сестра.

Комплексна е структурата на филмот, но најмногу зборува за насилството во семејството, за распадот на семејството. За среќа ова е ретко како еден македонски филм, кој се дрзнува и има храброст да коментира настани од денешна Македонија, од пост-Охридска Македонија.

Како го доживеа Торонто и Фестивалот, тоа е една смотра, саем на презентација на филмските остварувања кои треба да бидат пуштени во кино салите?

Торонто нема европски карактер, тој е повеќе дистибутивен фестивал. После Кан се третира за еден од најзначајните фестивали, затоа што го зима најдоброто од сите светски фестивали.

Ние бевме учесници во програмата како Дискавери, програма која открива млади талентирани режисери. Филмот помина многу добро, имаше три проекции, на кои беа заинтересирани сите можни дистрибутери и новинари.

Излегоа убави критики, филмот имаше две промоции за публика. Реакциите и коментарите беа прекрасни и на филмот би му посакал се најдобро. Драго ми е што се појави, што го скршивме тој мраз, помина првиот фестивал.

Нашата јавност најверојатно знае дека филмот го канат во официјална конкуренција во Токио следниот месец. Од 350 филмови, е одбран меѓу 16 или 18 филмови, во натпреварувачка конкуренција, каде што фестивалот изречито бара да биде присутен главниот глумец во филмот, а тоа е Марко Ковачевиќ.

Балканкан, Прашина се се тоа ликови околу кои се врти овој настан. Кога Валдо ќе биде во некоја главна улога?

Дај боже, но тоа што тие улоги со Божја помош се изборуваат да бидат значајни, тоа јас не сум крив. Уплав ме фаќа дека треба да се прават нови претстави.

Овој филм е правен за една изгубена генерација во транзиционото време во кое припаѓам и јас, но го молам Бога да им даде шанса или барем и сите ние да припомогнеме барем децата да имаат подобра иднина.

Уште кога го добив ангажманот и го прочитав сценариото, сватив дека сите ние околу треба да припомогнеме со насилството. Таа искреност, тоа другарство што пробива, го препознаа во светот. Светот не можеме да го придобиеме со копии од богати холивудски филмови, туку ако се обидеме да бидеме искрени за работи што нас не мачат.

Зошто режисерот Ристевски остана надвор, тоа е приватна одлука или дел од економско-културното емигрирање на македонската интелигенција?

Бројна е македонската заедница во Канада. Сретнав многу луѓе, повеќето беа млади уметници што се обидуваат да добијат филм, сценарио. Многу луѓе што живеат таму, си ја бараат среќата таму.

Режисерот самиот ќе треба да си го прашате, тоа се лични работи, тој е среќно оженет таму, месец ипол живее во Ванкувер.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk