Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Георгиевски „Митингот можеше да помине подобро“

Лидија Јанчовска Христова Коментари (0)   
27.07.2004 00:00
„Ова излегување на народот е доволен показател дека луѓето не го сакаат овој закон за територијална поделба“
 

За слободниот стрелец Љубчо Георгиевски, како што тој самиот себеси се нарекува како припадник на партија без печат, синоќешниот митинг на опозицијата поминал во ред.

Можело да биде и подобро, доколку тој бил поканет да учествува во организацијата на митингот, вели Георгиевски, но и вака народот покажал дека не се согласува со владиниот закон.

„Организаторите решија да не ме повикаат, така што таму каде што не сте повикани не треба да одите. И ова излегување на народот е доволен показател дека луѓето не го сакаат овој закон за територијална поделба и дека треба нешто да се направи за неговата промена“, изјави Љубчо Георгиевски.

Поддршката на меѓународната заедница за овој концепт на територијална поделба за Македонија, не значи ништо, вели Георгиевски.

„Тие се само голи декларации за разнебитување на нашата држава, позади кои нема никакви конкретни одлуки, дури нема ни конкретна финансиска помош“, додаде Љубчо Георгиевски.

Георгиевски и неговите следбеници, против законите засега ќе делуваат во Парламентот. Единствениот ефектен начин да се спречи територијалната поделба е да успее референдумот, вели Георгиевски.

И потпретседателот на владеачката СДСМ Бучковски смета дека вистинска поддршка за иницијативата на опозицијата ќе бидат собраните потписи за референдум.

Вчерашниот митинг нема ништо сериозно да промени, освен што ги зајакна позициите на дел од опозицијата која го организираше и со мирните протести се дистанцираше од радикалите кои стоеја зад настаните во Струга, изјави денеска Бучковски.

Најавуваа над сто илјади граѓани, собраа 8 илјади, е коментарот на коалицискиот партнер ЛДП, според кој митингот на опозицијата покажал дека граѓаните не го поддржуваат нивниот концепт.

„Ние ги повикуваме нашите опозициони колеги да се вратат на патот кон ЕУ и кон НАТО, затоа што тоа е иднината која што граѓаните на РМ ја посакуваат“, изјави Андреј Жерновски од ЛДП.

Жерновски смета дека пратениците треба да постапат така и поради пораката од Советот на министри на ЕУ за поддршка на пакетот закони за децентрализација, што според него не смее да се потценува.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Улиците околу Собранието сеуште затворени за сообраќај [27.07.2004]
• Опозицијата задоволна од митингот во Скопје [27.07.2004]
• Македонија на насловните страници на светските медиуми [27.07.2004]
• Британските медиуми за настаните во Македонија [27.07.2004]
• Бучковски: „Митингот нема ништо да промени“ [27.07.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk