Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Протест на здружената опозиција пред собранието

Коле Чашуле Коментари (0)   
26.07.2004 00:00
„Се собравме за да кажеме Не за територијалната поделба оваква како што ни ја нудат“
 

Се собравме за да испратиме порака до меѓународната заедница и до сите кои сакаат да ја делат Македонија, дека сакаме да ја сочуваме како унитарна, независна и суверена држава. Ова беше една од пораките на митингот на здружената опозиција против новиот закон за територијална организација пред македонското Собрание.

Поради дождливото време, митингот стартуваше со задоцнување од половина час. Митингот кој беше оценет како ризичен, воглавно се одвиваше во мирна атмосвера, иако беа забележани неколку поситни инциденти.

Околу зградата на Собранието имаше досега невидено полициско обезбедување.

Главната порака од овој митинг до претставниците на власта, е дека народот нема да се согласи со етничката поделба на Македонија.

Лидерите на здружениот опозициски блок пред насобраните граѓани, кои стоеја цели два часа на дождот, побараа од Владата итно да го повлече законот за територијална организација и да си поднесе оставка.

„Како и секогаш во животот доаѓа моментот за одлука и ние треба да ги донесеме нашите одлуки“
 

„Се собравме тука за да кажеме не за територијалната поделба оваква како што ни ја нудат, да им кажеме не за двегодишното нивно владеење со РМ и нејзиниот народ, да им кажеме не за нивното потценување на нивниот народ, да им кажеме не на нивното тепање, затворање и малтретирање на сопствениот народ, да им кажеме не за пропаѓањето на македонската економија, зголемената сиромаштија“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

„Како и секогаш во животот доаѓа моментот за одлука и ние треба да ги донесеме нашите одлуки. Убеден сум дека сме донеле одлука во полза на РМ. Тие луѓе партизираат, делат и на тој начин манипулираат. Таква земја имаме во овој момент“, изјави лидерот на Демократска Алтернатива Васил Тупурковски.

„Бранко ја дувна во Брисел. Како граѓанин на оваа земја сум засрамен од претседателот на оваа држава и сите сме засрамени што тој не објасни во Брисел како го направил пазарот“, изјави лидерот на Либералната партија Стојан Андов.

„Како граѓанин на оваа земја сум засрамен од претседателот на оваа држава“
 

„Сите до еден сме против. Одлуката овој Парламент ја донесе едногласно. Господине Хари Костов и вие немате избор, уште вечерва одржете вонредна седница на Владата, повлечете го предлогот за поделби и поднесете си оставка“, изјави лидерот на Демократскиот Сојуз Павле Трајанов.

„Бараме да си заминат, како што ги добија изборите, така и да си заминат, тоа ни е најголемата желба. Во која држава има малцинството да владее со мнозинството, има ли таква демократија во целиов свет. Каде се тие, јас го викам Сатана, а не Солана да го видат народот што прави“, изјавија една учесничка на митингот.

„Очекувам се да помине во мирна и достоинствена атмосвера, како што и македонскиот народ се противи на она што се прави во моментов, а тоа е етничка поделба на Македонија“, изјави Ѓулистана Марковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните мирно си заминаа, немаше ниту еден поголем инцидент, а исто така и силното полициско обезбедување полека се повлекува.

Претходно можеа да се забележат само неколку ситни инциденти, каде што со пластични шишиња фрлаа кон полицијата, но сепак се заврши во најдобар ред.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Центарот на Скопје под силно полициско обезбедување [26.07.2004]
• СДСМ апелира да не се повтори насилството од Струга [25.07.2004]
• Последни подготовки за утрешниот митинг [25.07.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk