Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Бучковски: „Инцидентот е наместен, ова е анархија“

Лидија Јанчовска Христова Коментари (0)   
22.07.2004 00:00
„Јас сум во зградата на СДСМ чекаме да стивнат страстите да запре анархијата и да не дојде до употреба сила од полицијата“
 

Инцидентот е наместен, ова е анархија, изјави потпретседателот на СДСМ Владо Бучковски за А1 и потврди дека и тој и Ќурчиев чекаат во зградата на СДСМ да стивнат нередите за да ја напуштат. Повредени нема, полицијата не интервенира, а деталите за инцидентот ќе бидат обелоденети утре, вели Бучковски во телефонскиот разговор.

Дали сте во зградата на СДСМ и што се случува таму?

Јас сум во зградата на СДСМ чекаме да стивнат страстите да запре анархијата и да не дојде до употреба сила од полицијата за да на тој начин се воспостави коридор. Трпението во овој момент е најдоброто решение затоа што после сето ова дефинитивно сирените не ја разбудија совеста на Македонија ова ќе ја разбуди. Ќе имаме утре многу работи што да кажеме и што да проанализираме. Пред се оние кои го заговараа сето ова.

Велите дека ова вечерва е организирано од некого?

Да организирано е и утре ќе излеземе со конкретни податоци затоа што е јасно дека дел од младите момчиња кои беа злоупотребени беа на барикадите и во рок од 15 минути по нашето доаѓање овде со генералниот секретар Ќурчиев беа пренасочени пред општинската зграда на СДСМ.

Со каква цел отидовте вие во Струга?

Вчера на состанокот не дојдоа нашите претставници од Струга и денеска се договоривме јас и Ќурчиев да ги видиме нашите сопартијци и да поразговараме со нив во овие тешки моменти.

Успеавте ли да го направите тоа?

Успеавме имавме некаде 1 час и 40 минути имавме состанок за да мораше состанокот да биде прекинат затоа што имаше канонада од камења. Веројатно по завршувањето на ова лудило ќе можат припадниците на МВР и истражниот судија да проценат каква штета е направена овде. За среќа нема никаква опасност за луѓето кои се овде и нема повредени надвор затоа што полицијата е крајно толерантна.

Имаме информации дека од час во час се зголемува бројот на луѓето пред седиштето на СДСМ, дали вие мислите дека сето тоа е организирано и дека воопшто не станува збор за спонтаност?

Не, организирана беше групата која беше таму и не е поголема од 400-500 луѓе, другите како за многу македонски работи се сеирџии. Сите оние кои шетаа покрај кејот или кои требаа да бидат на последната вечер на Струшките вечери на отпорот, наместо градоначалникот Деребан да ги прибере таму и да им испрати порака за соживот и за добредојде за утрешниот фестивал веројатно ги пренасочи овде, но ќе издржиме, сме издржале и потешки работи.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Се каменува седиштето на СДСМ во Струга, Бучковски и Ќурчиев се внатре [22.07.2004]
• Продолжува културниот отпор на Стружани [21.07.2004]
• Шекеринска и Бучковски во обид да го смират Струшкото СДСМ [21.07.2004]
• Втор ден од Струшките вечери на отпорот [20.07.2004]
• Во Струга Струшки вечери на отпорот [19.07.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk