Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Костов: „За краток рок нема спектакуларни резултати“

Лидија Јанчовска Христова Коментари (0)   
31.05.2004 00:00
„Предуслов за позитивни резултати се спроведувањето на неопходните структурни реформи“
 

Првиот македонски премиер - економист, најавен како можен реформатор, Хари Костов, во своето експозе ги пресече надежите за брзи економски резултати. Сиромаштијата и невработеноста се најголемите проблеми кои, рече Костов, не се решаваат брзо.

„Спектакуларни резултати неможе да се очекуваат на краток рок. Предуслов за позитивни резултати во овој домен се спроведувањето на неопходните структурни реформи, кои досега многу често се одложуваа“, рече Костов.

За такви реформи - ќе треба: подолг аранжман со ММФ, намалување на јавната потрошувачка, на мешањето на државата во стопанството и подобрување на амбиентот за водење бизнис. Државата може да ги постави општите услови на стопанисување, но приватниот сектор треба да биде носител на развојот, вели Костов.

„Затоа во иднина кога пред Владата ќе се собираат и протестираат на пример, млекопроизводители, нека се сетат дека Владата не е таа која купува и продава млеко, нека се сетат дека владата не исплаќа неисплатени палти и не исплаќа струја и вода за други“, рече Костов.

Единствена гаранција за мир и политичка стабилност се стабилните меѓуетнички односи, рече Костов и се обврза на доследно спроведување на Охридскиот договор. Последната обврска- законите за децентрализација владата до собранието ќе ги достави во јуни.

Темелната реформа на правосудниот систем за што сме најмногу критикувани однадвор, е следниот приоритет за кој владата ќе изработела стратегија во следните 3 месеци.

Мандатарот најави поинтензивна борба против криминалот и корупцијата-приоритет кој досега беше негов ресор. Костов во денешното експозе сакаше да објасни дека како министер не се водел од принципот на партиски реваншизам.

„Доколку се работеше за селективност и партиски реваншизам, а не за покренати обвиненија со валидни докази и аргументин тогаш како ни се случува во судските постапки некој од носителите на значајни фумкции да се бранат со молчење, а не со докази. Зашто често се случува одложување на судски процеси и храбри пребегнувања од Македонија“, нагласи Костов.

Спроведувањето на владините приоритети ќе значи реализација на стратешката цел, прием во НАТО и ЕУ, рече Костов.

Во Собранието тој влезе придружуван од единствениот нов министер во владата-неговиот наследник Сиљан Аврамовски. Пред пратениците, министрите и претседателот, но без лидерот на опозицијата во салата, новиот мандатар се обврза:

„Можaм да ви ветам законско, одговорно и транспарентно работење на секој челн на владата без афери и скандали. Компроментацијата меѓу министрите и нивните заменици повлеклува со себе откази и разрешувања“, додаде Костов.

А експозето го заврши со максимата на американскиот претседател Кенеди кажана пред половина век:

„Не прашувајте само што може државата да направи за Вас. Прашајте се што можете Вие да направите за Вашата држава“, рече Костов.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Лазаревски: „Костов прво треба да си ја среди сопствената влада“ [31.05.2004]
• Опозицијата без големи очекувања од Хари Костов [31.05.2004]
• Костoв ќе превземе лоши економски перформанси [30.05.2004]
• Костов ја достави програмата на Владата до Собранието [21.05.2004]
• Седница на ЦК на СДСМ [18.05.2004]

  Дополнителни информации 
• Состав на новата влада на Македонија [15.12.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk