Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Страстите во ВМРО-ДПМНЕ само привидно смирени

Соња Петрушевска Коментари (0)   
29.05.2004 00:00
Таборот на Груевски, како што се дознава, деновиве прави напори за преориентирање на пратениците кои застанаа зад Георгиевски
 

Страстите во ВМРО-ДПМНЕ се само привидно смирени велат партиски извори. Допрва ќе следува разврската која засега никој не сака да ја прогнозира.

За лојалните на Груевски земјотресот поминал но потреси се уште може да има. Се дознава дека веќе нареднава недела ќе се одржи седница на Извршниот комитет во нов состав, без осумтемина блиски до спротивниот табор кои си поднесоа оставка.

На седницата Груевски ќе ги отпочне подготовките за локалните избори, се очекува од општинските комитети да побараат да предложат кандидати за градоначалници.

Таборот на Груевски, како што се дознава, деновиве прави напори за преориентирање на пратениците кои застанаа на страната на Георгиевски. Неговите приврзаници пак, отворено кажуваат дека во своите настапи во собранието нема да ги презентираат ставовите на Груевски и Самоиловска, туку ќе настапуваат како пратеници на народот и партиското членство.

Веќе в понеделник пратеничката група на најголемата опозициона партија на седницата за избор на новата влада, ќе настапи без претходно усогласен став. И додека приврзаниците на Георгиевски тврдат дека дури 20 пратеници од вкупно 28 се со нив, според новото раководство голем дел од оние кои се потпишаа за оставка на Груевски ретерирале од ставот, правдајќи се со еуфорично расположение кое им било наметнато.

Познавачите на состојбите во велат дека речиси е неверојатно да се помисли дека Георгиевски туку така ќе ја остави партијата. Напротив, неговиот потег да поднесе оставка на функцијата почесен претседател тие го оценуваат само како чекор кој би требало да ги разгори страстите кај членството и да докаже дека Груевски ја нема подршката во партиската база.

Нивните напори сега се насочени во изнаоѓање механизам како да се предизвика вонреден конгрес без согласноста на партискиот лидер. Дел од нив не кријат дека ќе се обидат да издејствуваат конгрес преку собирање на партиски потписи, иако статутот ги ограничува во тоа.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Георгиевски не е повеќе почесен претседател на ДПМНЕ [28.05.2004]
• Груевски извојува победа над Георгиевски [27.05.2004]
• Во СДСМ навиваат и за и против Георгиевски [26.05.2004]
• Георгиевски: „Смена на Ганка или вонреден конгрес“ [26.05.2004]
• Судирот во ДПМНЕ најверојатно ќе кулминира викендов [25.05.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk