Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Груевски извојува победа над Георгиевски

Коле Чашуле Коментари (0)   
27.05.2004 00:00
„Ново е што се ибрани 6-мина нови членови на ИК што претходно ги предложив“
 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски синоќа извојува значајна победа над почесниот претседател Љубчо Георгиевски докажувајќи дека има контрола и подршка во речиси сите партиски тела.

Мнозинството на највисокиот орган меѓу два конгреса, Централниот комитет на партијата, по синоќешната девет часовна седница застана зад Груевски гласајќи за неговиот предлог да го прошири извршниот комитет за шестмина нови членови од неговиот табор.

„Ново е што се ибрани 6-мина нови членови на ИК што претходно ги предложив. Имаше разговори околу тоа кои се проширија и на други теми, анализа за изборите и друго“, изјави Никола Груевски.

Незадоволни од поразот осуммината членови на извршниот комитет лојални на Георгиевски си поднесоа неотповикливи оставки.

„Ова е партија која ја црпи својата моќ од базата, а не од одредени поединци од ЦК. 8-те члена на ИК си поднесоа неотповикливи оставки“, рече Ден Дончев.

Одлуката на Централниот комитет кој заседаваше до 4 часот изутрина, дојде по писмено обраќање на Георгиевски кој не присуствуваше на седницата, туку нејзиниот исход го чекаше во седиштето на партијата, од каде одржуваше телефонски контакт со своите приврзаници.

Во обраќањето прочитано од Игор Гиевски, почесниот претседател ги повторил барањата за оставка на потпретседателката Ганка Самоиловска Цветанова или свикување на вонреден конгрес. Во своето писание Георгиевски рекол дека доколку овие предлози не бидат прифатени тој е подготвен да се повлече од функцијата почесен претседател.

„Изненаден сум од тоа писмо кое мислам дека го донел во нервозна ситуација и се надевам дека ќе ја смени таа негова одлука и лично ќе го повикам да не го прави тоа. Туку да помогне на ВМРО-ДПМНЕ и на сите оние кои сакаат Македонија да успее“, вели Груевски.

Во исто време, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ синоќа рече дека во наредните денови ќе реши дали ја прифаќа оставката на потпретседателката Цветанова, депонирана вчера попладне, но условена со оставка на членовите на Извршниот Комитет.

Во партијата коментираат дека со надгласувањето во Централниот Комитет Груевски докажал дека има сила и може да надвладее, но дека кризата во партијата не е завршена, особено што лидерот се уште нема контрола врз пратеничката група.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Во СДСМ навиваат и за и против Георгиевски [26.05.2004]
• Георгиевски: „Смена на Ганка или вонреден конгрес“ [26.05.2004]
• Судирот во ДПМНЕ најверојатно ќе кулминира викендов [25.05.2004]
• Во ВМРО ДПМНЕ војна за придобивање на членовите на ЦК [23.05.2004]
• Георгиевски сака повторно да биде претседател на ВМРО ДПМНЕ [22.05.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk