Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Георгиевски: „Смена на Ганка или вонреден конгрес“

Коле Чашуле Коментари (0)   
26.05.2004 00:00
Љубчо Георгиевски
 

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски за денеска попладне закажа седница на централниот комитет на партијата, клучна во битката со почесниот претседател Љубчо Георгиевски.

Пет часа пред почетокот на седницата и по една недела молчење се огласи почесниот претседател Љубчо Георгиевски. Тој ја бара потпретседателката на партијата Ганка Самоиловска Цветанова за жртва, која треба да ја понесе вината за расколот во ВМРО ДПМНЕ.

Георгиевски предлага по разрешувањето на Цветанова, а Груевски и натаму да остане на чело на партијата. Како втора варијанта Георгиевски нуди заедно со Груевски да организираат вонреден конгрес за разрешување на кризата.

„Искрено се надевам и очекувам, за доброто на ВМРО ДПМНЕ, претседателот Груевски да изнајде сили и рационалност да прифати еден од овие два мои предлога“ се вели на крајот на соопштението на Георгиевски.

По обраќањето на Георгиевски, Цветанова за А1 изјави дека попладнево ја депонирала својата оставка, но во исто време бара свои оставки да понудат и останатите членови на извршниот комитет лојални на Георгиевски.

Според неа, осумтемината треба да си дадат оставка, бидејќи тие се генератор на кризата. За сега е нејасно каков ќе биде одговорот на Груевски.

Но, извори во партијата велат дека самиот податок дека денеска закажал седница на централниот комитет која е предвидена да биде продолжение на седницата од пред две недели, која беше прекината по насилниот упад на симпатизерите на Геоергиевски, значи дека тој ја одбил понудата.

На дневен ред вечерва треба да биде проширувањето на извршниот комитет за уште шестмина нови членови од таборот на Груевски.

Доколку оваа точка биде усвоена тоа ќе значи дека Груевски остварил превласт, а во спротивно велат нашите извори тој ќе поднесе оставка и ќе му ја остави партијата на Георгиевски.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Во СДСМ навиваат и за и против Георгиевски [26.05.2004]
• Судирот во ДПМНЕ најверојатно ќе кулминира викендов [25.05.2004]
• Во ВМРО ДПМНЕ војна за придобивање на членовите на ЦК [23.05.2004]
• Георгиевски сака повторно да биде претседател на ВМРО ДПМНЕ [22.05.2004]
• Груевски нема намера да се повлече од партијата [20.05.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk