Босна ја намалува својата војска за 5.000 војници
25.05.2004 00:00
Министерот за одбрана на Федерацијата на Босна и Херцеговина најави дека од почетокот на наредниот месец бројот на припадниците на Војската на Федерацијата ќе се намали од сегашните 13.200 на вкупно 8.000 војници. Шефот на босанската одбрана Мирослав Николиќ, како што пренесува денеска печатот во Сараево, прецизираше дека меѓу оние што ќе останат без работа, околу 1.600 од нив ќе заминат во пензија под поволни услови, додека останатите војници ќе добијат отпремнини во износ од 6.000 конвертибилни марки. „За разлика од претходното намалување, овој пат има малку „доброволци“ кои решија да ја напуштат воената служба, па затоа со примена на критериуми за отпуштање и останување, се направени списоци за откази“ , изјави шефот на босанската одбрана за весникот „Дневен аваз“.
|