Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

30 дена притвор за Љупчо Поповски

Снежана Лупевска Коментари (0)   
29.04.2004 00:00
Љупчо Поповски
 

30 дена притвор за државниот секретар за одбрана Љупчо поповски, кого полицијата го фатила со 15.000 евра обележани пари што ги примил како мито. Парите ги побарал за трансакција со земјиште сопственост на АРМ.

На лице кое полицијата не го именуваше Поповски му понудил да му заврши работа во денационализација на армиски имот. За услугата во минатата година Поповски наплатил 30.000 евра, а во април барал уште 20.000. Добил пет, а потоа ги побарал и останатите 15.

„По претходнио добиени информации е извршен претрес на пријавениот и во неговиот внатрешен џеб од палтото е пронајден плик во кој се наоѓале договорените 15.000 евра“, изјави Мирјана Контевска портпарол ан МВР.

Во Министерството за Одбрана денеска јавно не ја коментираа „зделката“ на нивниот државен секретар. Што си дробел тоа ќе срка, беа најчестите коментари од таму. Во СДСМ велат дека ова не е внатрепартиска пресметка, туку борба против митото и корупцијата.

Поповски своевремено беше генерален секретар на партијата и близок до Црвенковски и Бучковски.

„Правото мора да важи за сите особено за оние кои имаат функции во оваа држава“, рече Шекеринска.

Пријавете мито и корупција во полицијата и институциите на телефон 199 ја промовираше кампањата денеска МВР. Кој и зошто и го пријавил Поповски на полицијата за сега не се знае?

Ова не е прв случај на финансиски малверзации во одбраната. Љубен Пауновски министер во владата на Георгиевски доби затворска казна од пет и пол години затоа што префрлал милионски суми евра на фирми на свои блиски роднини.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk