12 македонски конзуларни претставништва без амбасадори
10.02.2004 00:00
12 од вкупно 39 македонски конзуларно дипломатски претставништва во светот функционираат без амбасадори. На листата на земји каде што наместо амбасадори Македонија ја претставуваат понизок дипломатски персонал се Њујорк и Москва кои се од исклучителна политичка и економска важност. Преговорите за новите амбасдаори се одвиваат на две нивоа. За поделбата прво мора да се договорат претседателот премиерот па дури потоа владината коалиција ќе разговара за дипломатски интереси на владината коалиција. За претседателот формулата за поделба на бројот на амбасадори е фифти фифти, но за владата е неприфатливо владината коалицијата меѓусебно да дели 5 амбасади и една мисија во светска организација, а претседателот да располага со останатите места. Конечниот договор се очекува по средбата меѓу премиерот и претседателот најавена за оваа недела, но предходно СДСМ ќе треба да се договори со ДУИ од каде доаѓаат најави за принципиелна поделнба на амбасадорските места. Иако, извори од ДУИ потврдуваат дека Њујорк како град со најголем број Албанци иселеници од Македонија е најбитната дипломатска дестинациија за нив тие принципиелно ќе инсистираат на по едно место во соседна држава, една мисија во меѓународни организации, една светска метропола и еден главен град во Европската унија. Дел од дипломатската игра е и ВМРО ДПМНЕ која се надева на некое амбасадорско место како еден од условите за поддршка на Трајковски на претседателските избори.
|