Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

СЕЕМО се плаши од згаснување на четири весници од НИП

Коментари (0)   
29.11.2002 00:00
„Нова Македонија“, „Фљака“, „Бирлик“ и „Вечер“ се пред згаснување
 

Недопустливо е весниците „Нова Македонија“,„Фљака“, „Бирлик“ и „Вечер“ кои се печатат на македонски, албански и турски јазик и имаат традиција од околу шест децении, да згаснат, поради манипулации и вештачко предизвикување на недостиг на рото хартија.

Ова предупредување е содржано во писмото што СЕЕМО, Организација за медиуми во Југоисточна Европа, во состав на Меѓународниот институт за печат, со седиште во Виена, го упати до претседателот Борис Трајковски и премиерот Бранко Црвенковски.

Во него се изразува најдлабока загриженост и претседателот и премиерот се повикуваат да сторат се што е во нивна моќ за да спречат згаснување на четири дневни весника.

Притоа се предупредува дека на вработените во „Нова Македонија“, „Фљака“, „Бирлик“ и „Вечер“ кои иако пред три недели стапија во штрајк, а не примиле плати за шест месеци, секојдневно подготвуваат и печатат весници, сега се пред згаснување, бидејќи има закани дека ќе останат без рото хартија.

Пред тоа, старо-новото раководството, кое одбива да разговара за барањата на вработените, ги исклучи парното греење, лифтовите и водата, а сега се заканува и со недостиг на рото хартија.

Доколку тоа се случи, тоа ќе значи згаснување на четири дневни весника кои информираат на македонски, албански и турски јазик, се вели во писмото на СЕЕМО.

Во него се поздравуваат одлуката на Владата на премиерот Бранко Црвенковски да отвори легална процедура за преиспитување на купопродажниот договор, како и определбата на Владата НИП да не се врати во сопственост на државата.

Имајќи предвид дека состојбата во „Нова Македонија“ е критична, а процедурата на преиспитување може да потрае, СЕЕМО и ИПИ ги повикуваат претседателот Трајковски и премиерот Црвенковски да сторат се што е во нивна моќ за да спречат згаснување на четири дневни весника.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Доколку се раскине стариот, ќе има нов тендер за НИП [26.11.2002]
• На повидок поништување на приватизацијата на НИП [25.11.2002]
• Tензиите во „Нова Македонија“ на критична точка [22.11.2002]
• Вработените во НИП-от ги земаат работите во свои раце [19.11.2002]
• Ќе се преиспитува приватизацијата на НИП [18.11.2002]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk