Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена

Коментари (5)   
31.07.2010 19:00
 
 

Оваа држава има одлична иднина но само ако се постигне меѓуетничка хармонија и ако им се посветиме на евроатлантските интеграции, но и на односите на Балканот. Оценува Рамковски во интервјуто за весникот „Шкип“ кое го објавува под наслов - Македонскиот Берлускони.

Според Рамковски, Албанците во Македонија треба да престанат да бидат декор на политичката сцена како и во владиниот букет и да почнат да одлучуваат за сегашноста и за иднината на државата.

„Тој што не сфатил дека иднината на оваа држава во голема мерка ќе зависи од соработката со Албанија и Косово и дека овдешните Албанци се тие кои ќе имаат одлучувачка улога во таа соработка, тој никогаш нема да сфати дека албанскиот фактор е предност, а на пречка за развојот на земјата“, вели Рамковски.

Ваквите политички ставови сопственикот на А1 Телевизија нескриено ги поткрепува и со своите бизнис визии за зголемување на медиумски пазар во регионот.

„Албанците во Македонија во однос на медиумите се запоставени и затоа сакам да придонесам, но јас сум и бизнисмен и не кријам дека ме интересира пазарот од осум милиони албанци на Балканот“, признава тој.

Велија Рамковски одбегнал да одговори дали има амбиција да стане и Премиер на Македонија пишува тиранскиот весник „Шкип“.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски [30.07.2010]
• Донација од „Хедис маркетите“ за поплавеното семејство Стојановски [21.07.2010]
• Рамковски - најменаџер во централна и југоисточна Европа [20.07.2010]
• Поддршка за меѓународниот семинар за македонски јазик од Фондацијата Рамковски [11.07.2010]
• Плакета за А1 ТВ за придонес во сообраќајот [11.03.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk